Второ авионско третирање против комарци
Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека денес во утринските часови компанијата „Бониер” од Куманово изврши второ авионско третирање против комарци на подрачјето на Општина Велес. Согласно договорот помеѓу општината и компанијата за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, прскањето е изведено со средството Ciceron 2.0 ulv, биоциден производ за уништување на летечки инсекти…