ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градежната експанзија во Општина Велес е во тек и моментално во градот се реализираат следниве градежни актоивности согласно програмата за уредување на градежно земјиште за 2021 година. Во тек се градежни работи за асфалтирање  на дел од улица „Васа Кошулчева“ во должина од околу 250 метри,  извршен е ископ,  планирање на терен , извршено е…

ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ТЕХНОГЕНА МИНЕРАЛНА СУРОВИНА НА ЛОКАЛИТЕТ „БАШ КОЛИБИ“, ОПШТИНА ВЕЛЕС

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски информираше дека концесионерот на топилничарската згура КЕПС МОНТ ГРУП ДОО Скопје обезбеди Б-Интегрирана еколошка дозвола. Важноста на дозволата истекува на 02 октомври 2023 година. „Досега од локацијата на локалитетот „Баш Колиби“ е извршен ископ, сеење, товарање и транспорт на 2.500 тони техногена минерална суровина што е многу малку во…

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПРИЈАВИ ОД ГРАЃАНИ КАСНАТИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ

Општина Велес се соочува со сериозен проблем во врска со бездомните кучиња и граѓаните кои се каснати од нив, истакна на денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски. На адреса на општината секојдневно пристигнуваат тужби од граѓани кои се каснати од кучиња. Овие тужби се поткрепени со медицинска документација и пријава на настанот во Секторот за внатрешни…

УСПЕШНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ГОДИНАВА

Според податоците од првиот квартален извештај за 2021 година Општина Велес реализираше приходи во износ од 193.160.003 денари што во споредба со реализираните приходи од 2017 година  кои изнесуваа 150.584.766 денари се за 42,6 милиони денари повеќе. Зголемување има и во реализираните расходи кои во првиот квартал од 2021 година изнесуваат 174.894.945 денари и се…

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ОТВОРА ПУНКТ ЗА МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски најави дека во Велес ќе се отвора пункт за масовна вакцинација против Ковид-19.  Пунктот ќе биде сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“. Имунизацијата на граѓаните ќе започне на 25  овој месец. Во вакциналниот пункт ќе имаат можност да се вакцинираат граѓаните на Велес но и на општините…

МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ НА ОТВОРЕН ДЕН НА СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во посета на средните стручни училишта во Велес. Заедно со Градоначалникот Коцевски присуствуваа на отворениот ден на средното стручно „Коле Неделковски“ и на средното стручно „Димитрија Чуповски“. Имаа можност да се запознаат со образовните профили што ги нудат овие две училишта, особено струките кои се дел од…

НА ПРВИОТ ДЕН ОД ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА СОБРАНИ 26 КУБНИ МЕТРИ ГАБАРИТЕН ОТПАД

Почна пролетната акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Општина Велес. Денеска, комунални работници од ЈКП „Дервен“, од неколку локации на градот собраа 26 кубни метри габаритен отпад. Граѓаните претходно го пријавија својот габаритен отпад во комуналното претпријатие. Пролетната акција за собирање и транспортирање на габаритниот отпад ќе трае до сабота, 08 мај.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“ Скопје, на 07. 08. и 09. мај ќе се одржи акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во повеќе општини во државата. Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОЛЕТНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Почитувани сограѓани, Поради кризната состојба предизвикана од вирусот Ковид-19, Пролетната акција за собирање на габаритен отпад ќе се спроведе исклучително во периодот од 6 мај до 8 мај 2021 година. Ја имате можноста потребата за собирање на габаритниот отпад од вашите домови да ја пријавите во ЈКП „Дервен”, најдоцна до 5 мај 2021 година (среда), секој…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ, МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ И ДИРЕКТОРОТ НА АД ЗА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА СОЦИЈАЛНАТА ЗГРАДА ВО ВЕЛЕС

Градоначалникот Аце Коцевски, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката-Скопје денеска извршија увид на градежните работи на социјалната зграда во Велес. Изградбата на станбениот објект е финансиран од Влада преку Министертсвото за транспорт и врски во износ од…