Градоначалникот Коцевски за состојбата во Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев” АД Велес

Градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста во врска со хаваријата што се случи вчеравечер (недела, 14 јуни 2020 година) во Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев” АД Велес. „Во текот на вчерашниот ден, поточно во 10:50 часот од Прехранбената индустрија ‘Благој Ѓорев’ АД Велес во МВР СВР Велес е пријавен инцидент, односно хаварија во фабриката. Екипи на МВР…

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА МИЛЕВСКИ

Децентрализацијата, но и значењето и придобивките за граѓаните кои произлегуваат како резултат на плодната соработка помеѓу Општина Велес и Министерството за локална самоуправа беа во фокусот на денешната работна средба на градоначалникот Коцевски и министерот за локална самоупарава, Горан Милевски. Општина Велес и Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе ја продолжат својата успешна…

ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

По повод одбележувањето на 77-годишнината од загинувањето на револуционерот и поет, великанот Коста Солев Рацин, еколошката групација „Грин Пауер”, од Велес, годинава, по втор пат организираше планинарски Марш во чест на Рацин, од Велес до Лопушник, Кичево, местото на неговото трагично загинување. Општина Велес финансиски го поддржа овој настан и обезбеди превоз за учесниците. На организаторите од еколошката групација…

Почит за Рацин

По повод 77-годишнината од загинувањето на револуционерот и поет Коста Солев Рацин, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и делегаци и претставници на семејството на Рацин, Советот на Општина Велес, општинската администрација, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин”, јавните установи и СОУ „Гимназија Кочо Рацин”, денес положија свежо цвеќе пред паметниците на великанот во центарот…

ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ”

Конкурсот за доделување на наградата „Рациново  признание” што се доделува за прозни и литературни остварувања на македонски автори, објавени во периодот помеѓу две изданија на „Рациновите средби”, по одлука на Организацискиот одбор денес е објавен во дневните весници и ќе трае до 1 август 2020 година, соопшти градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. Право на…

ГРАДСКИОТ БАЗЕН ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

Како што изјави градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција подготовките за отворање на градскиот базен се во завршна фаза, а концесионерот најавува дека ќе ги прими првите капачи оваа сезона најкасно до следната недела на 22 јуни.

ДО 10 ЈУНИ, ЗАПИШАНИ 209 ПРВООДДЕЛЕНЦИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста во врска со уписот на ученици во оваa учебна година во прво одделение. „Во споредба од минатата година во основните училишта лани учеле 4500 ученици, а во оваа година 4466, што значи дека сме имале 34 помалку ученици годинава, а кога се…

ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА ВО ГРАДОТ И ОКОЛИНАТА

„Известен сум од Министрество за транспорт и врски дека на јавниот повик за најповолен изведувач за изградба на водоводниот систем за селата Бузалково и Раштани кои треба да бидат приклучени кон градската водоводна мрежа се јавиле осум компании. Во тек е еваулацијата на понудите и се надевам дека ќе биде извршен избор на најповолен изведувач…

Планинарски Марш во чест Рацин

Планинарскиот марш „Марш за Рацин” ќе се одржи и оваа година на релација Велес – Лопушник – Велес, кој како иницијатива од еколошката групација „Грин Пауер”, од Велес произлезе минатата година. На оваа група ентузијасти – планинари се приклучија и членови на невладини организации, како и почитувачи на делото и ликот на великанот Коста Солев…

Подобрена состојбата со ранливите категории граѓани

На денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста дека според податоците од Општинската организација на Црвениот крст состојбите се значително подобрени. Во текот на измината седмица немало телефонски повици за посета од страна на мобилниот лекар, како и барања за достава на храна и лекови.  Девет лица побарале помош за психосоцијална подршка. Од страна на Општинската…