Изненадување од Алзас – со велешка песна до срцата на граѓаните

Деновиве во Велес заедно одекнаа алзашката, француската и нашата македонска песна. Реномираниот алзашки музичар Рене Егл и групата „Кутерн“ ги изненадија граѓаните.   Во повеќе наврати во Велес и Росоман како и за претставниците на бизнис секторот  ја изведоа староградската песна „Елено, ќерко Елено“ и ги освоија срцата на сите што ги видоа и слушнаа.…

По трагите на традицијата со Керамичар

Со звуците на познатите македонски песни и специфичностите на македонскиот традиционален фолклор, вечерва Културно уметничкото друштво „Керамичар” од Велес одржа втор концерт, со што ја одбележа 65-годишнината од своето постоење и успешно делување. Под името ,,Трагите на традицијата и фолкорот во нас “, во преполната спортска сала на ООУ „Блаже Конески”, велешани имаа можност да…

Промовирани нови изданија на Браево писмо

По повод 15 Октомври, Меѓународниот Ден на Белиот стап, денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев” беа промовирани четири нови изданија на книги на Браево писмо за слепите и слабовидните лица кои живеат во Велес. Изданијата,,Волшебното самарче”, „Коста е наш”,„Алиса во земјата на чудата” и ,,Вујко Вања” беа промовирани од страна на Здружението на слепи лица…

Асоцијацијата „АЛМА“ со донација за ТППЕ Велес

Во рамки на официјалната програма во одбележувањето на јубилејот 40 години од отворањето на Спомен-костурницата на загинатите борци во НОВ од Велес и велешко, делегација од регионот Алзас од Република Франција денес оствари средба со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Посетата на француската делегација е во организација на Асоцијацијата „Алзас – Македонија” („АЛМА”), чијшто…

Првата сензорна детска градинка во Велес

Сензорниот и моторниот развој кај децата од предучилишна возраст ќе се зајакне и стимулира со новоотворениот сензорен двор односно сензорна градина, која денес во објектот „Маргаритки” на ОЈУДГ „Димче Мирчев” во населбата „Дворови” во Велес беше официјално ставена во употреба. ,,Благодарност до вработените во детската градинка и општествено одговорните компании кои го препознаа значењето на…

Бригадирско „Здраво! Здраво! Здраво!“ од Велес

Под мотото ,,Силно светнал ден” здружението ,,Акцијаши- Ветерани” од Велес денес беше домаќин на големиот Собир на поранешни акцијаши-ветерани и младинци од повеќе македонски градови но и голем број на бригадири кои допатуваа од Србија, БиХ, Хрватска и Словенија. Поводот за овој собир беше одбележувањето на 60 годишнината од формирањето на Младинската работна бригада која…

Велес го чествува 11 Октомври, денот на народното востание

Денес свечено беше одбележан 11 Октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот.Свеченоста која ја организираше Општина Велес, се одржа во Спомен-костурницата, каде бројни делегации на Општина Велес, на Владата на Република Северна Македонија, Сојузот на борците од НОАВМ, Советот на Општина Велес, АРСМ, јавни институции и установи, политички партии и здруженија на граѓани…

Фолклорна вечер со „Керамичар“

Под името ,,Фолклорот- нашата љубов” велешани имаа можност да го проследат јубилејниoт концерт на велешкиот ансамбл ,,Керамичар” кој одбележи 65 години од своето постоење. На овој музички настан настапија домаќините од ,,Керамичар” Велес, КУД ,,Јане Сандански” од Неготино, групата ,,Соната” како и гости од КУД ,,Славко Манојловиќ” од Младеновац,Србија. Во текот на утрешниот ден предвидена…

Пуштена во употреба пречистителна станица за хромни отпадни води

Денеска во АД „Димко Митрев“ беше пуштена во употреба станицата за пречистување на хромните отпадни води од штавниот погон на фабриката. Ова е прва фаза од системот за прочистување на отпадните води од фабриката. Инвестицијата е во износ од 300.000 евра сопствени средства. На денешната свеченост, пред присутните се обрати генералниот извршен директор на АД…

Ревитализација на Езерото Младост – прва седница на координативното тело

Детална анализа на состојбите на лице место, итна подготовка на акционен план за расчистување на теренот и подготовка на масовни граѓански акции за пошумување на езерото „Младост“ се  само дел од прашањата што денеска ги разгледаа членовите на Координативното тело за превземање на активности за ревитализација на опожарениот дел од локалитетот езеро „Младост“. На денешната…