ЗАВРШИ КАМПАЊАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Со симболични пораки за стоп на насилството врз жени и девојчиња испишани на торбички, шалчиња и беџови кои подмладокот на Организацијата на жени Велес ги поделија на случајните минувачи пред платото на театарот „Џинот“, заврши кампањата против семејното насилство во Велес. Кампањата ја реализираше Организацијата на жени со поддршка на Општина Велес и Комисијата за…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 ДЕКЕМВРИ, СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Денес се одбележува големиот христијански празник Свети Климент Охридски, просветител и ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Како дел од основоположниците на словенската писменост и литература, Климент Охридски има огромен придонес кон светската наука и култура. Општина Велес им го честита празникот на граѓаните и порачува во духот на нашите просветители да бидеме солидарни,…

Ќе се реконструира уште еден патен премин во Општина Велес

Ќе се реконструира и модернизира уште еден патен премин во Велес. Во петок, 09.12.2022 година, во 08:00 часот, Македонски железници во соработка со Општина Велес ги започнува градежните работи на коловозот на патниот премин кон музичкото училиште „Стефан Гајдов“ со елементи од рециклирана гума. За време на изведување на градежните работи ќе има времена измена…

3 ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

На денот кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, да се потсетиме на потешкотиите со кои се соочуваат овие луѓе, и нивните потреби во остварување на правата за инклузивност во општеството. Луѓето со попречености треба да ги уживаат поддеднакво сите права како и останатите граѓани. Нивниот хендикеп не ги прави помалку…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес е во завршната фаза на формирање на Локалниот младински совет согласно Законот за младинско учество и младински политики. На денешната конститутивна седница на Локалното собрание на млади на Општина Велес беше донесена Одлука за објавување на Јавен повик за избор на членови на Локаниот младински совет на Општина Велес. Локален младински совет (ЛМС)…

СООПШТЕНИЕ ЗА 25 СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Се известуваат граѓаните на Велес дека 25 Седница на Совет на Општина Велес ќе се одржи на 29.11.2022 година, вторник, со почеток во 09:00 часот во Електронската сала на Општина Велес. На Дневен ред на 25 Седница на Советот се 16 точки. Седниците на Комисиите при Советот на Општина Велес за 25 Седница ќе се…

ДНЕВЕН РЕД ЗА 25 СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр.12/06, 03/09, 18/10, 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), донесувам Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 25-та седница на…

ДНЕВЕН РЕД НА КОМИСИИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 25 СЕДНИЦА

Почитувани, Ве известуваме дека одржувањето на седниците на Комисиите при Советот на Општина Велес за 25та седница ќе се одржат во живо на официјалниот јутуб канал на Општина Велес. Во прилог покани со дневен ред за секоја комисија во која е наведен денот и часот на одржување. Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ КАКО НАБЉУДУВАЧ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ RELOAD2 ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на проектот ReLOaD2 за 2023 година во Општина Велес. Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е…

КОНКУРС за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2022/2023 година

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на  талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/11), член 8 од Прaвилникот  за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес  („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.17/22 и…