ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден кога е формирана македонската револуционерна организација и започната организираната борба на македонскиот народ и на припадниците на другите народи за слобода и создавање на своја држава,…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВОНРЕДНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Општина Велес ја известува јавноста дека во соработка со ЈКП „Дервен” и Територијалната противпожарна единица од Велес, во текот на денешниот ден врши вонредно дезинфицирање на поголемите и фреквентни улици во градот, јавно-прометните површини, односно просторите пред сите поголеми маркети, железничката станица, пазарот во Нова населба, плоштадите „С’рмаале”, „Којник” и „Панко Брашнаров”, просторот пред комплексот…

ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРОГРАМИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2021 ГОДИНА

Од денес до 31 октомври оваа година во Општина Велес ќе трае постапката на прибирање предлози, проекти, сугестии за креирање на програмите на општината: локален економски развој, образование, култура, социјална заштита, здравство, спорт, заштита на животна средина, соработка со граѓанските организации, поточно во сите области во кои општината има надлежност. Образецот за аплицирање е достапен…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК

Се реконструира познатото езерце „Црвенкапа” во Градскиот парк. Со градежните работи кои започнаа на почетокот од овој месец се врши проширување на постоечкото езерце и истото ќе биде на површина од околу 1 000 м2. Просторот ќе биде хортикултурно уреден, со клупи, канделабри за осветлување, пешачки патеки, корпи за отпадоци. За полнење на езерцето ќе…

ИНСТИТУЦИИТЕ РАБОТАТ СОГЛАСНО ПРЕПОРАЧАНИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Информациите во врска со работењето и преземањето активности на институциите за заштита од Ковид-19, како и заклучоците произлезени од дваесет и шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешната прес конференција ги презентираше градоначалникот Коцевски. Тој посочи дека во моментот во ЈЗУ Општа болница – Велес има 54 кревети на располагање, но…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 21 ОКТОМВРИ 2020

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја пренесе информацијата од дваесет и шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување за епидемиолошката состојба во Велес. „Алармантна е ситуацијата и вирусот е широко распространет”, изјави Градоначалникот пред медиумите. Како проблем тој го посочи фактот што дел од заразените не можат точно…

РАБОТНА СРЕДБА БОЧВАРСКИ – КОЦЕВСКИ

При првата официјална посета на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Општина Велес, заедно со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски направија увид на градежните работи на свлечиштето „Цуцка”. Министерот Бочварски ја потценцираше важноста во инвестирањето и реализацијата на капиталните проекти, важни за Општина Велес, но и за другите региони. „Денес сум во…

ПРОТОКОЛ ЗА ПУБЛИКА – ВТОРА ВЕЧЕР НА 57. РАЦИНОВИ СРЕДБИ

НАРОДЕН ТЕАТАР „ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ”, ВЕЛЕС ПРОТОКОЛ ЗА ПУБЛИКА Влегувањето на публиката започнува половина час пред почетокот на настанот Задолжително носење заштитна маска Просторот се дезинфицира пред и по одржувањето на настанот Ограничен број публика (80 седишта) Регулирање на растојанието при влез/излез од театарот Безбедно растојание меѓу седиштата Задолжителна дезинфекција на раце при…

ИЗВЕСТУВАЊЕ – РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „КРСТЕ МИСИРКОВ”

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, петок, 24 септември 2020 година ќе започне со реконструирање на дел од улицата „Крсте Мисирков”, на потегот од крстосницата со улица „Панко Брашнаров” до крстосницата со улица „Борис Трајковски”. Поради големиот обем на работа и вклученоста на различен вид градежна механизација, улицата ќе биде целосно…

БЕЗБЕДНО КАПЕЊЕ И PUMP TRACK ПОЛИГОН ВО ВЕЛЕС

За безбедноста на капачите во водите на езерото „Младост” во текот на наредната капачка сезона ќе се грижат членовите на Здружението за безбедност на вода и планина „Македонски спасител” од Велес. Искусните и сертифицирани спасители, со своето национално и меѓународно искуство ќе обезбедат професионална служба за безбедност на вода на езерото „Младост” во летната сезона…