ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ – СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека Јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купување на велосипед за 2020 година се прекинува пред истекот на рокот, 26.06.2020 година, поради исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена. Со почит. Општина Велес

Издавање на Б-ИЕД – Друштво за производство на предиво и конец „ВЕТЕКС” АД Велес

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на: Подносител на барањето: Друштво за производство на предиво…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ (Реконструкција на водоводна линија на улиците „Крсте Мисирков” и „Петре Прличко”)

Почитувани, Општина Велес  ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, 9 јуни 2020 година (вторник) ќе започне со изведување на градежни работи со цел реконструкција на водоводната линија на улиците „Крсте Мисирков” и „Петре Прличко”. Градежните работи ќе се одвиваат согласно временските услови и предвидено е да завршат до крајот на месец јуни 2020 година.…

5 ЈУНИ – СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите жители на Општина Велес, Ви го честитам 5 јуни, Светскиот ден за заштита на животната средина, со единствена желба интензивно да работиме на зголемување на колективната свест за зачувување на животната средина. Правото на чиста и здрава животна средина е…

УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС НЕ ОРГАНИЗИРААТ ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ПОЛУМАТУРАНТИТЕ И МАТУРАНТИТЕ

„Сите основни и средни општински училишта ги почитуваат насоките и препораките кои јас им ги упатив како градоначалник и не организираат сликање на ученици од деветто одделение и ученици од четврта година” истакна градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. Тој додаде дека уписот на првачињата е во тек и според информациите и изјавите на директорите…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека Јавниот повик за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор за 2020 година се прекинува пред истекот на рокот – 26.06.2020г., заради исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена. Општина Велес

Голем интерес за субвенции за сончеви колектори и велосипеди

„Велешани покажуваат голема еколошка свест“, оцени денеска градоначалникот Аце Коцевски по големиот интерес на велешани да се пријават на повикот за субвенционирање на купен сончев термален колектор и за купен велосипед. По само два дена од објавувањето на јавниот повик, денеска до крајот на работното време во Општина Велес 86 граѓани поднеле барање за субвенции…

Велес во меѓународен проект за културно наследство

Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција го одобри проектот на Француската асоцијација „Ситé е Ситé“ со седиште во Бордо, во партнерство со  асоцијацијата на градови од Македонија со  архитектонско наследство со седиште во Велес, Министерството за култура, македонските градови и универзитетите како и во соработка со партнери од Република Албанија: Институтот за…