СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА „БЛАГОЈ ЃОРЕВ”

Минатата недела започнаа градежните активности за целосна реконструкција на тротоари со нивелацација на рабниците (ивичњаците) на ул. „Благој Ѓорев”. Во моментов е завршена реконструкцијата на тротоарот кај пешачкиот премин во близина на Трговскиот центар, а деновиве се работи на локацијата кај Гимназијата „Кочо Рацин”. Во рамките на овие активности планирана е реконструкција на вкупно 23…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Согласно Заклучокот на Советот на Општина Велес за активирање на итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух на самиот почеток на грејната сезона,  Општина Велес заради информирање на граѓаните ги реобјавува  ИТНИТЕ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС. Граѓаните можат да пријават загадување на телефонот  078/254-729 кој  е…

Основци од Букурешт и Велес засадија 96 садници на езерото Младост

Делегација предводена од претставници од основното  училиште „150“ од Букурешт, Република Романија денес беа на прием кај Градоначалникот на Општина Велес. Гостите од Романија престојуваат во рамките на е-твининг проект кој го реализираат во соработка со ООУ „Блаже Конески“ од Велес. На средбата со Коцевски меѓу другото се дискутираше за продлабочување на соработката и размена…

Во фабриката за вода – нов озонатор вреден 240 илјади евра

Денеска во Филтер станицата, ДЕ НОРА ТПФ 37, ЈКП „Дервен“ го пушти во употреба новиот генератор за производство на озон вреден 14.750.000 денари или 240.000 евра. Тој ќе го земени сегашниот дотраен стар озонатор кој се користи од 1991 година.  Во изминатиов период претпријатието не располагаше со резервен озонатор, а постоечкиот беше во лоша состојба…

Безбедни во сообраќајот – Акција на локалниот совет за превенција

Изминативе денови Локалниот совет за превенција од детско престапништво излезе на градските улици во соработка со СВР и спроведе акција во рамките на планираните активности од својата годишната програма. Имено, тимови на членови од Советот реализираа теренска акција за превенција од прекршување на законската обврска за носење на заштитни шлемови кај возачите кои управуваат со…

Младите можат и во Велес

„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ е пристапот кон младинските проблеми по кој здружението „Младите можат“ од Скопје го имплементираше проектот „Младински локални иницијативи“ во Велес и во Кочани во изминатата година. Во рамките на овој проект група од десетина млади луѓе- средношколци наречени „Младинска локална инцијатива во Велес“ извршија анкета во Општина Велес за учеството…

Јавен конкурс за изработка на ликовни творби на тема: „Велес во кој сакам да живеам“

Цел на конкурсот: Конкурсот се распишува со цел да се стимулира детското ликовно творештво, да се поттикне креативноста кај младите и да јакне љубовта кон родниот град. Услови: 1.Право на учество имаат сите ученици од основните училишта од Општина Велес. (Темата треба да е претставена со оргинални ликовни творби кои претходно не се објавувани и…

Јавен конкурс за изработка на видео запис на тема: „Велес низ мојот објектив“

Цел на конкурсот: Конкурсот се распишува со цел да се стимулира и поттикне креативноста кај младите и да јакне љубовта кон родниот град. Услови: 1.Право на учество имаат сите ученици од средните училишта од Општина Велес. (Темата треба да е претставена со оргинални видео записи, кои претходно не се објавувани и не учествувале на други…

Кој е најпрепознатливиот бренд на Велес?

Спомен костурницата, велешката пита, Пешти, Велес паметен град, Саат кулата,, езерото Младост се дел од идеите за туристички потенцијали кои граѓаните на Општина Велес ги идентификуваа, а според нив претставуваат препознатлив туристички бренд за Велес и истите ги предложија на форумот кој денес се одржа во просториите на Општина Велес како дел од проектот „Велес инспирира…

Известување за граѓаните

Почитувани граѓани, До Општина Велес доставено е известување од страна на Прехрамбената индустрија „Благој Ѓорев“ дека на ден 26.10.2019г. (сабота) од страна на стручни лица од Република Србија ќе се врши нагодување на горилникот на котелот ДБК-50 (кој досега не работеше). Притоа можни се видливи емисии на чад во воздухот од излезниот оџак на парниот…