СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВО ТЕК Е ПРВОТО ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ

Општина Велес, денес во раните утрински часови го започна третирањето против ларви од комарци. Третирано е крајбрежјето на езерото „Младост“, третманот го извршуваше операторот ЈЗУ Центар за јавно здравје –  Скопје. Активностите продолжуваат во текот на утрешниот ден, ќе се опфатат следните локации: Делот „Јарбош“ Градскиот Парк Стадион Младински Парк По течението на реката Вардар…

РАБОТНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО МАМУТЧЕВО

Се реконструира старата и дотрајана водоводна мрежа во село Мамутчево. Службите на ЈКП Дервен деновиве се активни на терен каде старата водоводна линија ја заменуваат со нова и се вршат приклучоци на домаќинствата што во голема мера ќе се подобрат условите за живот на тамошните жители. Инвестициите во руралните средини се неоходни за рамномерен развој…

АПЕЛ: ДА ПОКАЖЕМЕ ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Службите на ЈКП Дервен продолжуваат со координирани активности за чистење на градот. Во текот на вчерашниот ден го отстранува отпадот на двата влеза на Велес, од кај Башино Село и Лукоил. Општина Велес со апел до граѓаните да не одложуваат отпад секаде и да покажат поголема грижа за средината во која живеат. Чиста и здрава…

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ВО КАЈАК

Велес повторно ќе биде центар на значајни спортски настани. Во организација на Кајак кану клуб „Арка Борец“ и со поддршка на Општина Велес, на 5 и 6 април ќе се одржат два еминентни натпревари во кајак. Првиот ден е резервиран за Интернационалниот натпревар во класик дисциплина, а наредниот ден ќе се одржи второто коло од…

НОВИ АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ ВО ВЕЛЕС

Четири автобуски постојки се поставени на неколку локации во градот.  Смарт постојките се опремени со лед дисплеи на кои континуирано ќе се движат информативни содржини  со фотографии и видеа. Постојките се наоѓаат на улиците „8ми Септември“ (наспроти паркингот кај Основен суд Велес), на „Алексо Демниевски Бауман“  (во непосредна близина на спортската сала), „Борис Трајковски“ (наспроти…

ОСМОМАРТОВСКИ БАЗАР ПРЕД ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, од денеска е отворен осмомартовскиот базар пред платото на Основен суд Велес. На тезгите на велешките ракотворци и трговци можат да се најдат најразлични рачно изработени предмети, украси, накит и друг вид на подароци за денот на жената. Почитувани, побрзајте да го одберете најубавиот подарок за…

21 ГОДИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА АНИТА КРИШАН ЛОЗАНОСКА

Општина Велес ја одбележа 21 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби Анита Кришан Лозаноска. Таа беше дел од осумчлената делегација што го придружуваше претседателот Борис Трајковски на меѓународна конференција во Мостар. По тој повод, градоначалникот Марко Колев, дел од советниците на Советот на Општина Велес и делегација од кабинетот на претседателката Гордана…

ПРЕДАДЕНА ДОНАЦИЈАТА НА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Во детското одделение на Општа болница Велес денеска се предаде опремата што се обезбеди од собраните средства на божиќно – хуманитарниот концерт на Сара Мејс и девојките што се одржа на 10 јануари годинава во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот, во соработка со театарот и ОО на Црвен крст Велес. На примопредавањето беше присутен…

ПЕТНАЕСЕТ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес ја информира јавноста дека во тек е подготовка и аплицирање на 15 проекти за капитални инвестиции на територијата на Општина Велес, во соработка со Владата.  Дел од нив ќе се аплицираат денеска, а останатите, согласно предвидената динамика, во наредниот период. Со овие проекти се обезбедуваат средства за: Реконструкција на патот  Отовица – Сојаклари;…

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари, востановен од Обединетите Нации и УНЕСКО. Меѓународниот ден на кој се потенцира важноста и уникатноста на секој јазик во светот. Во светот денеска се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување. Да не дозволиме и нашиот мајчин јазик…