ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2020 НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Финансиските податоци од последниот квартален извештај за 2020 година на Општина Велес покажуваат дека минатата година во Велес многу повеќе се градело во споредба со претходните години, изјави на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски. Во 2020 година капиталните расходи кои се однесуваат на средствата од буџетот што општината ги  инвестирала во изградба на нова и…

СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПОПИСОТ Е КЛУЧЕН ЗА ПЛАНИРАЊЕ И РАЗВОЈ НА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА

На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски ја истакна важноста од спроведувањето на Пописот  на населението, домаќинствата и становите. Оваа сложена статистичка операција ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година. „Пописот е најважна статистичка операција што по правило се спроведува еднаш во 10 години. За жал во нашата земја, успешен Попис не е…

ПОДРАЧНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО СТАНУВА ПОСЕБЕН ПРАВЕН СУБЈЕКТ

Подрачното основно училиште на ООУ „Васил Главинов“ во село Бузалково, во иднина ќе работи како посебен правен субјект. Во тек е постапката за регистрирање на Општинското основно училиште „Лирија“ со подрачни училишта во Сливник и Клуковец. По извршената проверка за исполнување на условите Комисијата при Министерството за образование и наука издаде Решение за верификација на …

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ – СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ДО ВРАБОТУВАЊЕ

Во тек е имплементирање на реформа на средното стручно образование , со цел истото да ја оствари својата примарна цел во креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот. Министерството за образование и наука  спроведува анализа за да ја утврди соодветноста на постојните образовни профили кои им се потребни…

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ И ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТА НА ПЕШАЦИТЕ НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ И НА ТРОТОАРИТЕ

Општина Велес деновиве доби потврда дека мерките и проектите што ги реализира во областа на сообраќајот и безбедноста на граѓаните вродија со плод. Имено, по извршените анализи и сумирање на резултати за 2020 година, Министерството за внатрешни работи – СВР –Велес утврди дека во Велес значително е намален бројот на сообраќајни незгоди во кои учесници…

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС Е СТАБИЛНА

Ситуацијата со Ковид -19 во Велес е стабилна, но сѐ уште нема простор за опуштање, препораките за заштита да се почитуваат и да се издржи уште месец до два со кризата. Ваква оценка денеска беше изнесена на триесет и втората седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Кластери нема, но има зголемување на бројот…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ДОБИ 60 ИЛЈАДИ МЕДИЦИНСКИ МАСКИ, ДОНАЦИЈА ОД ЖИТЕЛ НА ОРИЗАРИ

Шеесет илјади медицински маски за Општина Велес, донираше Муслија Мустајбашиќ од село Горно Оризари, кој живее и работи во Будимпешта. Кутиите со маски денеска и беа предадени на Општина Велес, а најголем дел од нив ќе бидат наменети за потребите на ЈЗУ Општа болница Велес. „Сакам да изразам голема благодарност до Вас како семејство за…

ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА И ДЕЦАТА ОД ПРЕДШКОЛСКА ВОЗРАСТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД

Највредните и најуспешните ученици од општинските основни училишта „Рајко Жинзифов“ и „Блаже Конески“ како и децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“, кои минатата година учествуваа во акцијата „Прогласување на најдобар собирен центар за отпад во училиште и објект во градинка“, денеска ги добија своите награди. Општинското основно Училиште како прворангирано доби печатач со скенер, додека второ…

ОДБЕЛЕЖАНА 78 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА БЛАГОЈ СТРАЧКОВСКИ

По повод 78 годишнината од свирепото убиство на народниот херој и член на Велешкиот партизански одред, Благој Страчковски, делегација од претставници на Општина Велес, положи свежо цвеќе пред спомен бистата во Младински парк. Во чест и спомен на Страчковски, свежо цвеќе пред спомен обележјето положија и членови на неговото семејство како и претставници од Работнички…

ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ОД ДЕНЕС СЕ ВО ФУНКЦИЈА

Подземните контејнери што Општина Велес ги постави низ градот од денеска се ставени во употреба. Седум контејнери се поставени на различни локации и тоа на улица „Илинденска“ до трговскиот центар ВЕ МОЛ, на улица „Методија Андонов Ченто“ пред пешачкото мовче на Битолска пруга, на улица „8ми Септември“ помеѓу Централен регистар и Основен суд Велес и…