ОПШТИНА ВЕЛЕС ДОБИ 60 ИЛЈАДИ МЕДИЦИНСКИ МАСКИ, ДОНАЦИЈА ОД ЖИТЕЛ НА ОРИЗАРИ

Шеесет илјади медицински маски за Општина Велес, донираше Муслија Мустајбашиќ од село Горно Оризари, кој живее и работи во Будимпешта. Кутиите со маски денеска и беа предадени на Општина Велес, а најголем дел од нив ќе бидат наменети за потребите на ЈЗУ Општа болница Велес. „Сакам да изразам голема благодарност до Вас како семејство за…

ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА И ДЕЦАТА ОД ПРЕДШКОЛСКА ВОЗРАСТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД

Највредните и најуспешните ученици од општинските основни училишта „Рајко Жинзифов“ и „Блаже Конески“ како и децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“, кои минатата година учествуваа во акцијата „Прогласување на најдобар собирен центар за отпад во училиште и објект во градинка“, денеска ги добија своите награди. Општинското основно Училиште како прворангирано доби печатач со скенер, додека второ…

ОДБЕЛЕЖАНА 78 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА БЛАГОЈ СТРАЧКОВСКИ

По повод 78 годишнината од свирепото убиство на народниот херој и член на Велешкиот партизански одред, Благој Страчковски, делегација од претставници на Општина Велес, положи свежо цвеќе пред спомен бистата во Младински парк. Во чест и спомен на Страчковски, свежо цвеќе пред спомен обележјето положија и членови на неговото семејство како и претставници од Работнички…

ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ОД ДЕНЕС СЕ ВО ФУНКЦИЈА

Подземните контејнери што Општина Велес ги постави низ градот од денеска се ставени во употреба. Седум контејнери се поставени на различни локации и тоа на улица „Илинденска“ до трговскиот центар ВЕ МОЛ, на улица „Методија Андонов Ченто“ пред пешачкото мовче на Битолска пруга, на улица „8ми Септември“ помеѓу Централен регистар и Основен суд Велес и…

Божиќна честитка од Градоначалникот Коцевски

Почитувани сограѓанки и сограѓани, православни верници Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање. Празнувањето на Божиќ вообичаено не потсетува на топлина, мир и спокој во душата, неизмерна љубов кон Бога и најближните, сочувство и емпатија кон слабите и…

ПОВИК ЗА СЛЕДЕЊЕ И/ИЛИ УЧЕСТВО ВО ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИЗГРАДБА НА ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС”

Почитувани, Општина Велес Ве поканува да ја проследите и/или земете активно учество на Јавната расправа на која ќе биде презентиран проектот „Изградба на покриен Градски пазар во Велес”. Јавната расправа ќе се одржи во понеделник, (11 јануари 2021 година), со почеток во 17:00 часот. Поради актуелната состојба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, Јавната расправа…

Градоначалникот Коцевски им посака добро здравје и многу среќа на мајката и првото новороденче во Велес

По три дена во Новата Година се роди првото бебе во Велес. На  3 Јануари 2021 година (недела) во 21.30 часот, дваесет и три годишната Симона Панова од Велес на свет донесе здраво женско дете. Бебето е тешко 2980 грама, долго 50 сантиметри. Ова е прва рожба на родилката која се породила во домашни услови,…

СООПШТЕНИЕ За организирање на јавна презентација и јавна анкета ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА За А4 времено сместување На КП бр. 1599/2 КО Башино Селo, Општина Велес

Граници на  плански опфатот се поклопуваат со катастарски парцели: КП1599/1, КП 1598 и КП 1615 која е пристапен пат до парцелата. Сите парцели се КО Башино Селo, Општина Велес. Опфатот е со површина од 0.14 ха. Јавната анкета и Јавната презентација по ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА За А4 времено сместување На КП бр. 1599/2 КО Башино…

ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Детален урбанистички план за КП 16955/2 и КП 16956 КО Велес, Општина Велес

Податоци и информации: Назив на органот: Општина Велес Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес 2. Назив на планскиот документ: Детален урбанистички план за КП 16955/2 и КП 16956 КО Велес, Општина Велес. 3. Краток опис на документот: Просторот кој е предмет на изработка на планската документација, се наоѓа во централното градско подрачје со вкупна површина…