ЗАВРШИ XIX ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ “ВЕЛЕС 2024”

Со традицонални ора и песни на ансамблите на домаќините и гостите од Полска, Романија, Австралија, Украина, Турција и Словачка заврши 19 Интернационален фолклорен фестивал Велес 2024. Велешката публика во огромен број како и на претходните три вечери ги награди учесниците со силен аплауз. Претседателот на фестивалот Томе Јаневски се заблагодари на сите кои учествуваа и…

ТРЕТА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР НА XIX ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ “ВЕЛЕС 2024”

Третата фестивалска вечер на ИФФ „Велес 2024“ помина во одлична атмосфера во преполниот Амфитеатар.  Со македноски народни песни настапија членовите на „Распеани пензионери“, а веднаш потоа на сцената се појавија гостите од Словачка со традиционален сплет од народни песни и ора. Забавата продолжи со членовите на ЦК „Бели мугри“ од Македонија, а вистинско уживање приредија…

ВТОРАТА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР НА ИФФ ГО ПРЕПОЛНИ АМФИТЕАТАРОТ

Втората фестивалска вечер на ИФФ „Велес 2024“ помина во одлична атмосфера во преполниот Амфитеатар.  Со староградски народни песни настапија членовите на „Распеани велешани“, а веднаш потоа на сцената се појавија гостите од Украина со традиционален сплет од народни песни и ора. Забавата продолжи со членовите на оркестарот при музичкото училиште „Стефан Гајдов“, а вистинско уживање…

ПРВА ФЕСТВАЛСКА ВЕЧЕР НА ИФФ ВЕЛЕС 2024

Со традиционалното дефиле на учесниците низ улиците на Велес, вчеравечер започна 19 –то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2024. Велес пулсираше во ритамот на музиката, песната и танцот на фолклорните групи од земјава и од странство. Велешани имаа можност да проследат традиционални танци  од Турција, Украина, Словачка, Романија, Србија  и Австралија. Фестивалот свечено го…

ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА 19. ИФФ

Традиционални танци и ора, роднокрајни песни и шарени носии низ улиците на Велес во наредните четири дена. Градот ќе живее во духот на песната, играта, традицијата. Од среда, 03 јули, Велес е домаќин на деветнаесеттото издание на „Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2024“. Фестивалот годинава има богата програма со настап на девет странски ансамбли од осум…

ВЕЛЕС ВИКЕНДОВ ДОМАЌИН НА СВЕТСКИ КУП ВО КАЈАК СПУСТ

Викендов во Велес за прв пат се одржа Светски куп во кајак и кану на Меѓународната кајакарска федерација.  Граѓаните имаа можност да бидат сведоци на професионални спустови на диви води и да уживаат во прекрасната глетка. На купот учествуваа околу 200 учесници од 17 држави и се натпреваруваа во шест дисциплини во машка и женска…