Успешна акција за пошумување, Коцевски со јавна благодарност за учесниците

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство од успехот на акцијата за пошумување крај езерото Младост и упати јавна благодарност до сите граѓани, организации, компании и институции кои масовно учествуваа во акцијата. „Би сакал особена благодарност да упатам до граѓаните и до бизнис заедницата за првата масовна акција за пошумување на опожарените површини…

Коцевски дециден по најавата за протест – Законот не дозволува паркирање

По најавата за протест и блокирање на  улицата „Алексо Демниевски“ од страна на сопствениците на бизниси на потегот од почетокот на улицата до Ликовниот Салон, денеска градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција  ја извести јавноста дека нема да отстапи од цврстиот став на општината за почитување на законот кој забранува паркирање на улицата. „Група граѓани…

НОВОГОДИШНО – БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ ВО ВЕЛЕС

Традиционални божиќни песни, на повеќе светски јазици, беа дел од репертоарот на детскиот хор „Св. Кирил и Методиј” кој вечерва настапи на новогодишно-божиќниот концерт што го организираше Општина Велес. Пред велешката публика, во просториите на Општина Велес, свој перформанс на овој веќе традиционален настан имаше и балетското студио „Анабела”. Впечатливите настапи на реномираните и во…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ги известува граѓаните  дека поради најавен мирен протест, со блокирање на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ од страна на група физички и правни лица, почнувајќи од  10.01.2020 година, оваа улица ќе биде затворена за сообраќај  во периодот од 12:30 до 13:30 часот во непосредна близина на аптеката „Еурофарм“ спроти паркот Каршијака (малиот парк), односно…

Издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола Брако ДОО увоз-извос Велес

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:   Подносител на барањето: Друштво за производство, трговија…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од утре 10.01.2020 година, започнува реконструкција на водоводна линија на улица „Богдан Каракостев“, поради што за време на изведување на активностите ќе се применува времен режим на сообраќај. Aпелираме за внимателно возење и движење на пешаците во зоната на изведување на градежните работи како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од утре 09.01.2020 година, започнува реконструкција на водоводна линија на улица „8-ми Март“, поради што за време на изведување на активностите ќе се применува времен режим на сообраќај. Aпелираме за внимателно возење и движење на пешаците во зоната на изведување на градежните работи како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ

Почитувани сограѓанки и сограѓани, православни верници, Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам Божиќ – денот на Христовото раѓање. Посакувам празничните денови да ги минете во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето. Во сечиј дом да донесат светлина и надеж за подобро утре.…

Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола за ДПТУ “Хемија Комерц” ДООЕЛ увоз – извоз

Општина Велес,  изготви Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола за  ДПТУ “Хемија Комерц” ДООЕЛ увоз – извоз, Подружница-производство со седиште на ул. “Ѓорѓи Шоптрајанов” бр.29, Велес. Во согласност со член 107 став 13, а во врска со член 122 став 4 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11,…