ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ

Квалитетното образование е предуслов за добра иднина, поради што од исклучителна важност е соработката на Општината со образовните институции. Токму затоа, градоначалникот Марко Колев денес заедно со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, г-дин Аце Миленковски, потпишаа меморандум за деловна соработка, преку кој во иднина ќе се градат заедничките цели, интереси и…

ВЕЛЕС ИМА БАЛКАНСКИ ШАМПИОН

Огромно е задоволството кога слушаме за спортски успеси на балкански манифестации, но гордоста е уште поголема кога златниот медал ќе се врати токму во Велес. Трајче Илијевски, човекот кој го освои првото место за атлетска трка на 3000 метри на Балканското ветеранско првенство во сала кое се одржа во Словенија и се закити со титулата…

И ОВАА СРЕДА ОПШТИНАТА ОТВОРЕНА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Едно од предизборните ветувања на градоначалникот Марко Колев беше отворена општина, достапна за сите. Непосредната комуникација со граѓаните кои ја дадоа довербата на градоначалникот Колев е пракса која продолжи и оваа среда. Секој со својата приказна, секој со својот проблем, зашто секој од нас е еднакво важен. Само со заеднички заложби ќе го направиме Велес…

КООРДИНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ПОЧИСТ И ПОУБАВ ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ

Во текот на изминатите десетина дена заедно со службите на ЈКП Дервен: – Исчистени се диви депонии на улиците Никола Карев, Благој Кирков, Петре Прличко и 8ма Велешка бригада, влезовите на гаражите под плочникот на ул.11 Октомври, под градските гробишта кај с.Раштани и каналот кај Потокот во два наврати – Генерално чистење на улиците Илинденска,…

ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Во рамки на отпочнатите активности од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на нов просторен план на Република Македонија денес во Општина Велес се одржа работна средба со заменик министерката, д-р. Христина Оџаклиеска, советот на Центар за развој на Вардарски плански регион и работната група за следење, водење и насочување…

НА ПОВИДОК СИСТЕМСКО РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

На денешната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион беа дискутирани повеќе тековни теми, меѓу кои и проблемот што општините од овој регион го имаат со уличните кучиња. Изградба на регионален центар – прифатилиште за згрижување на бездомните животни во текот на 2022 година е заедничкиот заклучок на сите присутни на состанокот, со…

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА РЕКВИЗИТИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Општина Велес ги предаде на користење опремата и реквизитите од проектот „Инклузивен смарт туризам, рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес  во соработка со Здружението за безбедност на вода и планини „Македонски спасител“ – Велес и Сојузот за…

ГРИЖЕЈЌИ СЕ ЗА ОКОЛИНАТА, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ

Еден од главните приоритети беше хигиената во нашиот град. Во изминатиот период заедно со службите на ЈКП Дервен: – Исчистени се голем број на диви депонии во градот и собрани се 472м3 смет и шут – Исчистени се 161м3 атмосферски канали од наноси од земја и смет кои со години не беа исчистени – Хортикултурно…

КОХЕЗИЈА МЕЃУ ОПШТИНАТА И БИЗНИСОТ ЗА ПОГОЛЕМ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Градоначалникот Марко Колев денес беше во посета на компанијата Маркарт во индустриската зона Караслари на состанок со генералниот директор на компанијата во Македонија, г-дин Волфганг Аицхер. Од исклучително значење е кохезијата меѓу локалната самоуправа и бизнис секторот, поради што во наредниот период градоначалникот Колев ќе оствари работни состаноци со повеќе компании од Општината. Целта на…

ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА БРАНКО ЈОВАНОВИЌ

По вчерашната објава за тешкиот живот на нашиот сограѓанин Бранко Јовановиќ утрово градоначалникот Марко Колев, заедно со Филип Иванов од Евангелска Црква беа да го посетат и да направат она што е во рамки на можностите за да му се помогне. Градоначалникот од име на Општината му однесе пакет средства за хигиена и училишен прибор…