ПРЕКУ ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ДО КВАЛИФИКУВАНИ РАБОТНИЦИ

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ МЕЃУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, КОМПАНИИТЕ И СТРУЧНИТЕ УЧИЛИШТА СЕ ОДРЖА ВО ВЕЛЕС Во организација на Министерството за образование и наука, денеска во Општина Велес се одржа средба меѓу министерката Мила Царовска, градоначалникот Аце Коцевски, директорите на средните стручни училишта, претставници на меѓународни организации и институции, претставници на Стопанските комори и на компаниите. На…

ДЕЛ ОД МАТУРАНТИТЕ ВО ВЕЛЕС ЈА БОЈКОТИРААТ НАСТАВАТА НО ПОГОЛЕМ ДЕЛ ГИ ПОПОЛНИЛЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА МАТУРСКИ ИСПИТ

Пандемијата наметна многу предизвици и промени, но тоа не смее да ги поколеба учениците и матурантите да продолжат да учат и да се надградуваат. Бојкотот на наставата не оди никому во прилог. Неодговорно е да им се ускрати правото на оние кои одлучиле да го продолжат своето образование и да се запишат на факултет. Како…

ОПШТИНА ВЕЛЕС И ГОДИНАВА ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ, СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРИ И ИНВЕРТОРИ

Поради големиот интерес што жителите на Велес го пројавија изминатата година, за субвенционирање на сончеви термални колектори, инвертори и велосипеди, Општина Велес и годинава од  буџетот ќе субвенционира мерки за енергетска ефикасност и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Во програмата за Локален економски развој предвидено е да се субвенционираат физички лица кои ќе набават…

„МАКПЕТРОЛ“ ДОНИРА 210 ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНОТО И ПОДРАЧНИТЕ УЧИЛИШТА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Општина Велес доби уште една донација во таблети за потребите на основните училишта. Како општествено одговорна компанија, „Макпетрол“ А.Д. Скопје донираше 210 таблети од марката „Lenovo“  во вредност од 1.214.955 денари. Таблетите се наменети за учениците од ООУ „Васил Главинов“, но освен за централното, дел од таблетите ќе бидат поделени и на ученици од подрачните…

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2020 НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Финансиските податоци од последниот квартален извештај за 2020 година на Општина Велес покажуваат дека минатата година во Велес многу повеќе се градело во споредба со претходните години, изјави на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски. Во 2020 година капиталните расходи кои се однесуваат на средствата од буџетот што општината ги  инвестирала во изградба на нова и…

СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПОПИСОТ Е КЛУЧЕН ЗА ПЛАНИРАЊЕ И РАЗВОЈ НА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА

На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски ја истакна важноста од спроведувањето на Пописот  на населението, домаќинствата и становите. Оваа сложена статистичка операција ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година. „Пописот е најважна статистичка операција што по правило се спроведува еднаш во 10 години. За жал во нашата земја, успешен Попис не е…

ПОДРАЧНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО СТАНУВА ПОСЕБЕН ПРАВЕН СУБЈЕКТ

Подрачното основно училиште на ООУ „Васил Главинов“ во село Бузалково, во иднина ќе работи како посебен правен субјект. Во тек е постапката за регистрирање на Општинското основно училиште „Лирија“ со подрачни училишта во Сливник и Клуковец. По извршената проверка за исполнување на условите Комисијата при Министерството за образование и наука издаде Решение за верификација на …

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ – СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ДО ВРАБОТУВАЊЕ

Во тек е имплементирање на реформа на средното стручно образование , со цел истото да ја оствари својата примарна цел во креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот. Министерството за образование и наука  спроведува анализа за да ја утврди соодветноста на постојните образовни профили кои им се потребни…

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ И ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТА НА ПЕШАЦИТЕ НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ И НА ТРОТОАРИТЕ

Општина Велес деновиве доби потврда дека мерките и проектите што ги реализира во областа на сообраќајот и безбедноста на граѓаните вродија со плод. Имено, по извршените анализи и сумирање на резултати за 2020 година, Министерството за внатрешни работи – СВР –Велес утврди дека во Велес значително е намален бројот на сообраќајни незгоди во кои учесници…

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС Е СТАБИЛНА

Ситуацијата со Ковид -19 во Велес е стабилна, но сѐ уште нема простор за опуштање, препораките за заштита да се почитуваат и да се издржи уште месец до два со кризата. Ваква оценка денеска беше изнесена на триесет и втората седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Кластери нема, но има зголемување на бројот…