Градежни активности во Општина Велес

Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција извести за тековните работи кои се спроведуваат во Општина Велес. Коцевски соопшти дека на следната седница на Советот на Општина Велес ќе биде разгледана предлог-одлуката за рушење на зградата на диспанзерот, која од страна на Владата е предадена на Општина Велес, на чиешто место предвидено создавање на паркинг простор…

Шестмесечната забрана за извозот на троската од Топилница истекува во јуни

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста во врска со состојбата околу транспортот на техногената минерална суровина – троска од Топилницата за олово и цинк, за количина од 1,8 милиони тони и за добиената концесија на концесионерот „Кепс Монт Гроуп” ДОО Скопје. „Дозволата за експлоатација на суровините е обезбедена…

Коцевски: „Место за паника и вознемиреност, нема”

„Упатувам апел до јавноста дека и покрај тоа што во Општина Велес бројот на заболени се зголемува, нема место за паника и вознемиреност” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Од друга страна, Коцевски истакна дека иако бројот на заразени на државно ниво се намалува, сепак не треба да се опуштаме…

Прес конференција на градоначалникот Коцевски

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес извести за донесените заклучоци од единаесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. „Претставниците од надлежните јавни здравствени институции и од Министерството за внатрешни работи известија дека вкупниот број на заболени во Општина Велес изнесува 93 и две лица во Општина Чашка. Од овие вкупно 95…

Честитка по повод 1. Мај, Меѓународниот ден на трудот

Само она што е создадено со сопствен труд е бесценето. Само она што сме го направиле за другите е нашата вистинска вредност. Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 1.Мај, Меѓународниот ден на трудот. Фактот што годинава го одбележуваме овој значаен празник во…

Општина Велес создава услови за поголемо користење на велосипедот како превозно средство

„Општинскиот штаб за заштита и спасување ја прифати иницијативата доставена од група граѓански организации и поединци, со која се иницира создавање услови за поголемо користење на велосипедот како превозно средство и изградба на пешачки и велосипедски патеки, за што Штабот даде целосна поддршка. Се надеваме на добра соработка со Министерството за внатрешни работи – сектор…

Успешно се спроведува наставата на далечина во Велес

Градоначалникот Коцевски, на денешната прес конференција го пренесе заклучокот донесен од вчерашната средба со директорите на училиштата, градинката и ученичкиот дом и информираше дека многу добро функционира наставата на далечина во сите општински основни и средни училишта. „Има проблеми со одредена категорија на ученици кои потекнуваат од посиромашни семејства, заради неможноста на родителите да им…

ЈКП Дервен со редовни активности за чист и зелен Велес

„Во рамки на нашите заложби градот да биде чист и зелен, упатувам јавна благодарност до вработените во ЈКП Дервен за активностите кои континуирано ги реализираат”, изјави на денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Исчистени се диви депонии со градежен шут на излезот од Велес кон Скопје, на влезот во Велес од Штип,…

Пристигнати нови донации во Општина Велес

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста дека во текот на минатата седмица Општина Велес доби донација од 50 таблети од компанијата „Еколог“ и нејзините основачи, семејството Дестани од Тетово, наменети за деца чии семејства се соочуваат со тешки социјални предизвици и не се во можност да следат интернет…

Прес конференција на градоначалникот Коцевски

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција информираше за досега спроведените мерки и активности кои Општина Велес ги презема за превенција и заштита на населението од коронавирусот, како и за заклучоците од денешната, десетта по ред седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. „Заклучно со вчерашниот ден во Општина Велес има…