ПОТПОРНИОТ ЅИД КАЈ УЛИЦА КУМАНОВСКА Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Изградбата на потпорниот ѕид на улица „Кумановска“ е во завршна фаза со што ќе се обезбеди стабилност на улицата и косината на железничката пруга Велес-Битола. По завршувањето на потпорниот ѕид, ќе се продолжи со реконструкција на улицата. Општина Велес упатува благодарност до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение во изминатиот период додека се работеше на…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТИ ТРИФУН

Со квалитетно вино од локални винарии, вкусни специјалитети од домашни производители и добра забава од неколку музички бендови и артисти, денеска во Младински парк се одбележа Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите. Општина Велес годинава за прв пат организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното. Велешани уживаа во празникот со желба да…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „СТЕФАН ДИМИТРОВ“

Водоводната мрежа на улицата „Стефан Димитров“ , стара повеќе од 30 години, се заменува со нова. Службите на ЈКП Дервен се на терен, вршат промена на азбестните водоводни цевки со нови во должина од 120 метри. Со замена на дотрајаната водоводна мрежа и поставување на нова, жителите на оваа улица нема повеќе да имаат проблеми…

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Започнаа подготовките за реконструкција на улицата „Петре Прличко“ кај Градскиот пазар. Во тек се земјени работи и подготовка на коловозот пред асфалтирање. Реконструкцијата опфаќа замена на тампонскиот материјал со нов, асфалтирање на коловозот во два слоја. Предвидена е и реконструкција на тротоарите со уличните рабници. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Марко Колев.  

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ УЧИЛИШТАТА И КОМПАНИИТЕ ВО ВЕЛЕС

Средните стручни училишта, Гимназијата и компаниите од Велес, во просториите на општината, денеска учествуваа на социјален дијалог за да се утврди потребата од профилиран кадар кој ќе ги задоволи потребите на компаниите. Претставниците на училиштата ги истакнаа своите искуства со дуалните паралелки и соработката со социјалните партнери односно компаниите во кои учениците ја реализираат својата…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните кои живеат или транзитираат на улица „Белградска“ , на потегот од спој со улица „Киро Ќучук“ до спој со улица „Невена Георгиева Дуња“, дека во петок, 9 февруари, ќе се врши бушење на асфалтот на 5 локации на улицата. Целта на бушењето на улицата е да се земе материјал за испитување за…

ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ ПОСТАВЕНИ НА ОУ „ЛИРИЈА“

Поставени се фотоволтаични панели на кровот на ОУ „Лирија“ во село Бузалково. Во тек се и градежни активности за реконструкција на стариот дел од училишната зграда. Градоначалникот Марко Колев, заедно со советникот Невзат Муаремовски и директорот на училиштето Иљаз Мемети, денеска изврши увид во градежните работи. Фотоволтаични панели се поставени и на ООУ „Васил Главинов“,…

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „8 МАРТ“

Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „8 Март“. Градежната механизација е на терен а увид во работите денеска изврши градоначалникот Марко Колев. Општина Велес овој проект ќе го реализира во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.  

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Со изведба на поемата „Сердарот“ на Григор Прличев, од страна на учениците од ООУ „Блаже Конески“, под менторство на наставникот Саше Андреевски, денеска во медијатеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одбележа нејзиниот патрон. Со прекрасната интерпретација на поемата присутните се присетија на еден мал дел од историјата  која го прикажува тешкиот живот на македонскиот…

ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2024 ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТЕРИТОРИЈАЛНА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на  член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18), член 11 од Законот за пожарникарство (,,Службен весник на Република Македонија бр.67/04……39/16) и член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005….. 120/2018), Градоначалникот на Општина Велес објавува:   ЈАВЕН…