ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2023 ГОДИНА

На денешната свеченост по повод Нова Година, Општина Велес ги награди највредните и најуспешните работници за 2023 година. Градоначалникот Колев им посака добро здравје и нови успеси во новата 2024 година. Воедно им ја честита Новата година на сите граѓани на Општина Велес. „Во 2024 година ќе продолжиме со исто темпо на работа и развој…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во четврток (28.12.2023) со почеток во 18:00 часот во Големата сала на Општина Велес ќе се одржи спортската манифестација „Избор на најдобар спортист и спорстка екипа за 2023 година“. Настанот е во организација на Сојузот на спортови на Велес. Сите љубители на спортот имаат можност да ја проследат манифестацијата на која ќе се прогласат најдобрите…

Информација за одржување на Јавна расправа по Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола за за инсталацијата за експлоатација на техногена мнерална суровина (ТМС) со поставување на постројка за дополнителни активности на дробење и мелење на локалитет“БАШ КОЛИБИ”, Општина Велес

Друштвото за проектирање, монтажа и услуги КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје ја известува заинтересираната јавност дека организира јавна расправа за Браање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола , во согласност со член 103 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 192/15,…

И ХАРТИЈАТА ИМА ВРЕДНОСТ – РЕЦИКЛИРАЈ ЗА ЗДРАВА ИДНИНА!

Во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”, учениците од ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес изработија новогодишни честитки од рециклирана хартија. Новогодишните честитки ги поделија на децата во Детското одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес и на нашите сограѓани, а сè…

Соопштение за јавноста

Согласно последните резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 18 и 19 декември 2023 година кога се измерени…

ТРКАЛЕЗНА МАСА: КРЕИРАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНА ЛОКАЛНА СРЕДИНА

Во Општина Велес денеска се одржа тркалезна маса на тема „Креирање инклузивна локална заедница“, како дел од активностите на проектот „Инклузија на деца со  ПОП“, кој го спроведува „Отворете ги прозорците“ со поддршка  на Детската Фондација Песталоци. Четириесетина учесници имаа можност да споделат инклузивни практики, потреби и предизвици со кои секојдневно се соочуваат во работата…

ПОРТРЕТНА ИЗЛОЖБА НА ЃОРЃИ ЗОГРАФСКИ ВО ЛУ НАРОДЕН МУЗЕЈ ВЕЛЕС

Во организација на Општина Велес и ЛУ Народен музеј Велес денеска, во просториите на музејот се одржа изложба на девет портрети од последниот зограф и профан сликар Ѓорѓи Зографски. Изложбата со наслов „Портретното сликарство на Горѓи Зографски“ се реализира по повод 78 годишнината од смртта на зографот. Портретите се во приватна сопственост на членови од…

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТЕРИТОРИЈАЛНА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3 и став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20) и член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за…

202 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ ЏИНОТ

Денеска се навршуваат 202 години од раѓањето на Јордан Хаџи Константинов Џинот. По тој повод делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе на гробот во црквата Св. Спас. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител. Роден е во 1821 година на Прцорек, од левата страна на Вардар. Својата учителска дејност ја започнува во 1838…