ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ ВО ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ!

Отпочнавме со градежни активности на дел од улица “Живко Фирфов”. Оваа улица е една од петте предвидени за реконструкција во заедничкиот проект на Општина Велес, Светска банка и Министерството за транспорт и врски.

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО И СМРТТА НА РАЈКО ЖИНЗИФОВ

По повод годишнината, делегација на Општина Велес и претставници на општинското основно училиште во Горно Оризари што го носи името на Жинзифов денеска положија свежо цвеќе пред спомен бистата што се наоѓа во дворот на училиштето. Денеска се навршуваат 184 години од раѓањето на Рајко Жинзифов и 146 години од неговата смрт. Рајко Жинзифов е…

ФОРМИРАН ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Локалниот младински совет на Општина Велес денеска ја одржа првата констутутивна седница на која членовите избраа претседател и заменик претседател. На седницата присуствуваше и градоначалникот Марко Колев кој ги поздрави младите и им посака успешна и креативна работа во наредните две години. „Добро е што се оформи Локалниот младински совет, сега сè зависи од вас.…

НОВО СОВРЕМЕНО ИГРАЛИШТЕ НА ЛЕВАТА СТРАНА НА ГРАДОТ!

Левата страна ќе добие нов современ, мултифункционален спортски терен кај автобуската станица. Она што беше само ветување, веќе е преточено во конкретен проект, а до крајот на оваа година ќе се потрудиме да се реализира. Поубав Велес станува реалност!

ДЕЦАТА СЕ НАШАТА ИДНИНА!

Во континуитет се потпишуваат решенијата за исплата на еднократна парична помош за секое новороденче во Општина Велес. Повеќе информации околу критериумите и начинот на исплата може да најдете на следниот линк: bit.ly/3HbXtih Најдоброто за најмалите, зашто Велес е на сите нас! Барање

ВО ВЕЛЕС ПРЕЗЕНТИРАН СИСТЕМОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КАРИЕРИ

Во Големата сала на Општина Велес денеска беше презентиран Системот за следење на кариерите на дипломираните ученици, воспоставен од Министерството за образование и наука, во рамки на проектот „ЕУ за млади“, финансиран од Европската унија. Презентацијата ја следеа директори, наставници и ученици од Велес, Куманово, Кавадарци, Неготино и Крива Паланка. Системот нуди можност учениците кои…

ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ ПОЗНАВААТ ВО НЕВОЛЈА!

Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров се петтемина херои од ТППЕ Велес кои ќе се упатат кон Република Турција да го дадат својот придонес за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес. Со едно возило и потребната опрема за заштита и спасување овие пожарникари во наредниот период ќе дадат дополнителна помош…

ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС АТРАКТИВНО ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Општина Велес денеска беше домаќин на јавната трибина „Учи паметно, работи стручно“. Во Големата сала на општината се одржа социјален дијалог помеѓу средните стручни училишта и приватните компании. Целта на настанот е креирање на програмските политики на средните стручни училишта и подобрување на соработката со бизнис секторот. На јавната трибина се потенцираше потребата  од дуално…