Список на кандидати за реонски попишувачи

Список на кандидати за попишувачи и реонски инструктори за пописен реон 18 (Велес, Градско и Чашка) – ПОПИС 2021 Тестирањето на кандидатите ќе се врши во просториите од објект на СОУ Гимназија “Кочо Рацин” – Велес, на ден 22.03.2021 (понеделник) Тестирањето ќе започне во 11:00 часот. Список

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ЗА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК ПО ПАТ НА УНАПРЕДУВАЊЕ

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61, 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 и 14/20), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните…

ЕДУКАТИВНА АКЦИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

Во организација на Општина Велес денеска се реализираше акција по повод Денот на пролетта и екологијата. Во соработка со Здруженијата на граѓани „Велес Бајкинг”, ЕД „Грин пауер” и ЕД „Вила зора”, а со поддршка на СВР Велес, на три локации во градот, три тимови составени од претставници на општината, СВР Велес и невладините организаци, делеа…

ВО ПОРАНЕШНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Ј.Х.К.ЏИНОТ ЌЕ СЕ ПРЕСЕЛИ ДРЖАВНОТО ПОСЕБНО УЧИЛИШТЕ „МАЦА ОВЧАРОВА“ А НА ПРИЗЕМЈЕТО ЌЕ СЕ ОТВОРИ НОВ КЛОН НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ДИМЧЕ МИРЧЕВ“

На следната Седница на Советот на Општина Велес, Градоначалникот Коцевски ќе предложи одлука, горниот кат на поранешното основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ , без надомест да се додели на користење на Државното Посебно основно  училиште „Маца Овчарова“ и да се изгради посебен влез за овие ученици. Приземјето да се намени за клон на Детската…

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ

Општина Велес ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да бидат дел од пописот на населението што ќе се реализира од 01 до 21 април годинава, да се јават на огласот за попишувачи што е објавен на официјалната веб страница на Општина Велес и на огласните табли во седиштето на пописната комисија. Огласот е објавен…

ИЗБРАН ИЗВЕДУВАЧ НА ИНКЛУЗИВНОТО ИГРАЛИШТЕ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Заврши тендерската постапка за избор на изведувач на работите за изградба и уредување на регионалното инклузивно игралиште на езерото Младост, информираше Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „Овој значаен проект е еден од првите во државата кој овозможува услови за игра и рекреација на децата и младите со попреченост“, рече Коцевски Проектот насловен „Инклузивен туризам…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО СКЛУЧИ ДОГОВОРОТ СО ФИРМАТА ШТО ЌЕ ГО ГРАДИ ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ПАЗАРОТ

Општина Велес го склучи договорот со  фирмата „БАУЕР БГ ДОО од Скопје која го доби тендерот за изградба на Покриениот Градски пазар, фаза 2 односно горната платформа на пазарот. „Фирмата изведувач на градежните зафати треба до нас да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот, во износ од 10 % од вкупната вредност на…

ПОСТАВЕНА ПУМПА ЗА ХЛОРИРАЊЕ НА ВОДАТА ОД ВОДОВОДОТ ВО МАМУТЧЕВО

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста дека Општина Велес испратила барање за итно постапување до ЈКП Дервен во однос на водоводните линии во населените места  Мамутчево и Иванковци, затоа што последните анализи на здравствената безбедност на водата, направени на почетокот на месецов, покажаа дека водата е неисправна за пиење поради присуство на…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ПРОТИВ ПОСТАПКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦЕМЕНТАРНИЦА ВО ВЕЛЕС

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски го презентираше ставот на Општина Велес за изградбата на Цементарницата во кругот на каменоломот „Техно Павер“ во населбата Превалец. Општина Велес изготви Мислење кое ќе биде доставено до Министерството за животна средина. „На 10 март  беше одржана средба во мојот Кабинет со новиот сопственик на инсталацијата, кој изјави дека…