ИЗБРАНА Е ФИРМАТА ШТО ЌЕ ГО ГРАДИ ПОКРИЕНИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР

На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски соопшти дека наскоро ќе почне  изградбата на новиот градски пазар. Веќе е избрана фирмата која ќе ги изведува градежните зафати на  горниот дел од пазарот односно фаза 2. Тоа е Изведувачот – „Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО“ со седиште во Скопје. Вкупниот износ за изградба…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 МАРТ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА

Почитувани сограѓанки,   Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Жената е столбот на семејството и општеството. Жената е мајка, сопруга, доктор, земјоделец, научник. Жената е борец за права и правда, родова еднаквост, мир и соживот во светот. Нејзината упорност со…

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС СЕ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ГРАНТ – ЈАПОНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРА РЕНТГЕН АПАРАТ ЗА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Во официјална посета на Општина Велес денеска беше Н.Е. Хиронори Савада, Амбасадорот на Јапонија во Македонија. Повод за посетата е донацијата на јапонската амбасада во дигитален рентген апарат, наменет за потребите на Општа болница Велес. Градоначалникот Коцевски им посака топло добредојде на амбасадорот и неговата сопруга Г-ѓа Хитоми Савада и срдечно се заблагодари за донацијата.…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Се известуваат граѓанките и граѓаните кои живеат на улицата „9ти Ноември“ дека од утре, 04 март 2021 година, ќе се започне со изведба на градежни работи на улицата. Градежните зафати ќе се изведуваат на почетокот на улицата „9ти Ноември“, нејзиниот спој  со завршетокот на улицата „Архиепископ Михаил“ (Стари фруни) и пред куќата со број 15…

ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈ – 30 ГОДИНИ ОД ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ЗА ОБРАБОТКА НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Годинава се навршуваат 30 години од изградбата на Филтерната станица, значаен јубилеј што Јавното комунално претпријатие „Дервен“ свечено го одбележа во кругот на фабриката. На настанот присуствуваа поранешни директори и раководители на претријатието кои целиот свој работен век го посветиле на обезбедување здрава и кавлитетна вода за пиење за граѓанките и граѓаните на Велес и…

ЈАВНА ОБЈАВА бр.1/2021 за продажба на недвижна ствар во сопственост на Општина Велес на КП 2831/1 за КО Велес, со ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 4,24,25,26,27,28,29 и член 67  од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15,190/16, 21/18,101/19 и 275/19),  и Одлука на совет на Општина Велес за продажба на недвижна ствар во сопственост на Општина Велес на…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДОДЕЛИ 35 ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД РОМСКА ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА НА ООУ „ПАНКО БРАШНАРОВ“

Општина Велес му предаде 35 таблети на Општинското основно училиште „Панко Брашнаров“ кои се дел од Програмата Ромактед. Таблетите се набавени преку проектот „Реконструкција на тоалетите во соблекувалните на ООУ „Панко Брашнаров“. Учеството на Општина Велес за компјутерската опрема изнесува 33.985,,00 денари. Таблетите се наменети за потребите на учениците од ромска етничка припадност кои учат…

НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ СЕ ОДРЖА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВЕЛО КРОС

На Државното првенство Вело крос што се одржа во неделата на Езеро Младост, во категоријата сениори победи велосипедистот Кирил Марковски, во категоријата јуниори најдобар беше Јован Митев, Немања Пауновски беше најдобар од кадетите, во категоријата мастерс најдобар се покажа Љубиша Кондов, додека од категоријата жени со медал се закити Дуња Иванова. Велосипедската трка се одржа…

ТУРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Дваесет и пет члена делегација на Турција предводена од Министерот за земјоделство и шумарство во Владата на Република Турција, Беќир Пакдемирли и Почесниот конзул на Турција во Република Северна Македонија, Абдураи Бајрактар денеска беа во посета на Велес. Гостите заедно со Градоначалникот Коцевски ги посетија најзначајните спомен-обележја поврзани со отоманскиот период во Велес. Најпрво делегацијата…

ОДБЕЛЕЖАНА 17 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА АНИТА КРИШАН ЛОЗАНОСКА

Денеска се навршуваат 17 години од смртта на Анита Кришан Лозаноска, која трагично загина во авионска несреќа кај Ротмиље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Кришан Лозаноска беше дел од осумчлената делегација на чело со претседателот Борис Трајковски, која патуваше на меѓународна конференција во Мостар, кога се случи несреќата. По повод годишнината, свежо цвеќе…