СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА ВО ВЕЛЕС ОБЕЛЕЖАНА НА ТУРИСТИЧКАТА РУТА КАКО БРУТАЛИСТИЧКА АРХИТЕКТУРА

Три инфо табли и шест патокази се поставени во градот и пред влезот на Спомен-костурницата во Велес за обележување на монументалниот објект. Таблите се со димензии 150см на 120см, а како и патоказите се испечатени на пластифициран лим. Податоците за костурницата се напишани на три јазици, македонски, англиски и германски. Поставувањето на инфо таблите и…

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА РАСКАЗИ „ДЕТСТВА“ НА ПОЕТЕСАТА НАТАША БРЕЗОВСКА БОГОЕВСКА

Вистински приказни инспирирани од најубавиот период од животот на секој човек-детството, се вткаени во книгата раскази на поетесата Наташа Брезовска Богоевска. „Детства“ е насловот на првенчето на Богоевска, составена од 16 раскази, секој напишан со едноставен стил носи порака за другарството, емпатијата, одговорноста, пожртвуваноста и за сите оние вредности кои треба да го красат човекот.…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 9 НОЕМВРИ

Почитувани сограѓанки и сограѓани   Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 9 Ноември, Ден на Општина Велес и на ослободувањето од фашистичкиот окупатор. Седумдесет и шест години живееме во слобода, со вечна почит и благодарност до сите оние кои беспоштедно ги дадоа своите животи за денешнава…

ДОБИТНИЦИ НА ДЕВЕТТОНОЕМВРИСКИ НАГРАДИ И НА АКТЕРСКАТА НАГРАДА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2020 година, за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа ја доби проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирургот што го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во државата. Високото општинско признание „Спомен Плакета“ го добиваат тимот на инфективното одделение во…

СО ПАРИ ОД БУЏЕТОТ ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ НАБАВИ ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ И КИСЛОРОДНИ КОНЦЕНТРАТИ ЗА БОЛНИЦАТА

Советот на Општина Велес донесе одлука, 1.300. 000, 00 денари од општинскиот буџет да бидат наменети за набавка на таблети за ученици од училиштата  во градот што живеат во социјално ранливи семејства, информираше Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „Таблетите што ќе ги набавиме ќе им бидат дадени на училиштата и тие со реверс ќе…

ЕПИДЕМИОЛОШКА СОСТОЈБА ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Состојбата со Ковид–19 во Општина Велес е аларманта, нема простор за опуштање, но според епидемиолозите се очекува во наредниот период да се намалува бројот на инфицирани граѓани, рече на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. Вкупната бројка на пациенти сместени на инфективното одделение и на дел од интерното во болницата, е 69, од кои 53…

ОПШТИНА ВЕЛЕС, ГРАЃАНИТЕ И МАРКЕТИТЕ ВО АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И СРЕДСТВА ЗА ЛИЧНА ХИГИЕНА, ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА

На денешниот состанок со претставниците на поголемите маркети во градот градоначалникот Аце Ковески ја презентираше идејата со која Општина Велес има намера да реализира акција за собирање на прехранбени производи и средства за хигиена. Граѓанките и граѓаните коишто ќе купуваат во маркетите да донираат кој колку може, во храна и хигиенски средства и да ги…

Конкурс за ликовна творба на тема „Превенција од Ковид 19“

Ротари Клуб Велес во соработка со Општина Велес, распишува   КОНКУРС За ликовна творба на тема „Превенција од Ковид 19“          Почитувани ученици, борбата против инфекцијата Ковид 19, нека ви биде инспирација, преку вашите ликовни творби, да дадете сопствен придонес во борбата против ова модерно зло. Носете маска, држете растојание и мијте ги рацете –…

ПОСТАВЕНИ ЧЕТИРИНАЕСЕТ ВЕЛОСИПЕДСКИ СТАНИЦИ ВО ВЕЛЕС

Во три фази, на четиринаесет локации во градот, во текот на минатиот и овој месец беа поставени исто толку велосипедски станици (држачи за велосипеди). Во рамки на Европската недела на мобилност 2020, ЈКП „Дервен” ги изработи, а заедно со волонтери од ЗГ „Велес Бајкинг” велосипедските станици беа поставени на следните локации: Пред главниот влез на…

ОДБЕЛЕЖАН 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегации на Општина Велес, Советот на Општина Велес, јавните институции, здруженија на граѓани и политички партии денес положија свежо цвеќе пред споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот. Поради актуелната состојба со Ковид-19, настанот беше организиран согласно насоките и мерките за заштита од ширење на…