КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНА СПОРТСКАТА САЛА НА СОУ „ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“ И ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

Целосно е реконструирана спортската сала на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ со што се обезбедија современи услови за одвивање на спортски активности. Во рамки на градежните активности се замени стариот со нов под, комплетно се постави ново греење, се реновираа тоалетите, гардеробите и ходниците. За секој ученик се постави и ново шкафче…

КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР ВО ВЕЛЕС ГО ДОБИ СВОЈОТ ЛИК

Завршија градежните работи на кејот на река Вардар. Граѓаните на Велес добија модерно уредено катче за рекреација  и нова креативна можност за развој на туризмот. Кејот е во должина од 200 метри на потег од  мостот Гемиџии до Мало мовче. Освен изградба на кеј проектот опфаќа поставување на два киосци за продажба на сувенири и…

ХРИСТОС СЕ РОДИ, ЧЕСТИТ БОЖИЌ

Празнувајќи го Христовото раѓање, го празнуваме животот исполнет со љубов, надеж и меѓусебно разбирање, дарување, помагање, сочувствување и поддржување. Божиќ е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и радост. Овој голем христијански празник не учи да бидеме солидарни, да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помагаме на немоќните…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ГИ ПРЕЧЕКА БАДНИКАРЧИЊАТА

Градоначалникот Марко Колев и годинава со радост ги пречека бадникарчињата кои го најавија Христовото раѓање Божиќ. Стотина дечиња денеска ја продолжија вековната традиција, пеејќи и славејќи го Бог, поминаа низ центарот на градот и стигнаа во општинската зграда. Градоначалникот заедно со советниците ги пречекаа со божикни пакњтчиња и им се заблагодари за тоа што уште…

СЕ РОДИ ПРВОТО БЕБЕ ВО ВЕЛЕС

Се роди првото бебе во Велес во новата година. На одделението за гинекологија и акушерство во Општа болница Велес попладнево, точно во 12:30 часот, се роди здраво машко бебе, трето дете во семејството Јакимовски од светиниколското село Пеширово. Бебето е тешко 3 килограми и 280 грама а долго е 52 сантиметри. Мајката и бебето се…

ИЗДАВАЊЕ НА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и Службен весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола…

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена СЕА – Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УБ 29, УЕ 4 (Сула Чешма), КО Велес, Општина Велес

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (“Службен весник на  РМ” бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, и “Службен весник на РСМ” бр. 89/22, 171/22 ), Градоначалникот на Општина  Велес, на ден 04.01.2024 година  донесе:   Одлука за неспроведување…

Oдлука и формулар за неспроведување на СЕА – Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УБ 48 и дел од УБ 49, УЕ 9 (Рамина), КО Велес, Општина Велес

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (“Службен весник на  РМ” бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, и “Службен весник на РСМ” бр. 89/22, 171/22 ), Градоначалникот на Општина  Велес, на ден 04.01.2024 година  донесе:   Одлука за неспроведување…