94 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ВАСИЛ ГЛАВИНОВ-БОРЕЦ ЗА ЧОВЕКОВИ И РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Во спомен на годишнината од смртта на велешкиот револуционер и поборник за работничките права, Васил Главинов, делегации на Општина Велес, на Општинското основно училиште што го носи неговото име, денеска, положувајќи свежо цвеќе, се поклонија пред спомен бистата на Главинов во дворот на основното училиште. Васил Главинов е роден во 1869 година во Велес. Тој…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Денеска, 24.01.2023 година, ќе се отпочне со градежни актвивности за реконструкција на дел од улица „Благој Ѓорев“ – Нова населба (од Градинка „Димче Мирчев“ клон 5 до спој со улица „Живко Фирфов“) и дел од улица „Живко Фирфов“. Сообраќајот ќе се одвива согласно времен режим до завршување на работите. Изведувач на градежните работи е „Градба…

ПРОТЕЧЕ ВОДА ВО НАСЕЛБА ТРПЕЗИЦА!

Она што го ветивме тоа и го исполнивме – решен е децениски проблем на жителите на населба Трпезица! Службите на ЈКП Дервен завршија со активностите за изградба на водоводна мрежа а во наредниот период ќе следува приклучување на домаќинствата по претходно поднесено барање. Продолжуваме посветено, за поубав Велес.

ВЕРАТА Е ЗА ДА СЕ ПРАКТИКУВА, ТРАДИЦИЈАТА ЗА ДА СЕ НЕГУВА!

Сеќавајќи се на Богојавление – Водици, денот кога небото се отвори и Светиот Дух слезе врз Господ Исус и оваа година продолжува вековната традиција на фрлање на Светиот крст во водите на река Вардар. На настанот ќе му претходи божествена литургија, а со самиот чин ќе чиноначелствува Митрополит Повардарски г.Агатангел. За таа цел, се повикуваат…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, среда, 18 јануари 2023 година, во наредниот четиримесечен период ќе се одвиваат градежни работи за адаптација и преуредување на простор, дел од објект во сопственост на Општина Велес на улица „8 Септември” во централното градско подрачје (зградата на поранешното кино „11 Октомври”). Поради тоа, Општина…

ОДБЕЛЕЖАНА 114 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистите на Коста Солев Рацин во градот и Спомен костурницата, Општина Велес го одбележа раѓањето на најголемиот поет и револуционер. На 114 годишнината од раѓањето на Кочо Рацин, пред спомен бистата во дворот на Гимназијата што го носи неговото име, свежо цвеќе положија делегации од општинската администрација од…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК 21 ДЕКЕМВРИ

Почитувани сограѓани од турската заедница, Општина Велес Ви го честита Денот на наставата на турски јазик, 21 Декември. Употребата на мајчин јазик во образовниот процес и во секојдневниот живот е најголемата придобивка на човештвото. Можноста за образување, творење и напредување на својот мајчин јазик е вредност која придонесува за културниот развој на заедницата. Велес е…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од среда, 07.12.2022 година, ќе започне изградбата на потпорен ѕид на улица „Киро Ќучук“ на куќен број 61. Со изградбата на ѕидот ќе се создадат услови за реконструкција на дел од улицата, на потегот од раскрсницата со улица „Белградска“ до објект  со број 63 на улицата „Киро Ќучук“, во должина од околу 135 метри. Поради…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Започна реконструкцијата на дел од улицата „Камка Тоцинова“ во населба Керамидна , на спој со улицата „Луј Пастер“, до куќен број 20, во должина од 100 метри. Градежните работи опфаќаат кршење на стара бетонска подлога, изнесување на шут, планирање и валирање, тампонирање, армирање и бетонирање. Истовремено се планира и реконструкција на водоводната линија на тој…

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО, 5 ДЕКЕМВРИ, ОДБЕЛЕЖАН ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Да се волонтира значи да се делува на добра волја и од хумани побуди. Велес е град на хумани луѓе и волонтери чија вредност е бесценета, тие се присутни и активно делуваат во сите сегменти од општественото живеење и во насока на подобрување на животот на ранливите категории на граѓани во заедницата. Со панел дискусија…