БАШИНОСЕЛСКАТА ВОДА Е ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕ, ВОДАТА ВО РЕКА БАБУНА Е ЗАБРАНЕТА ЗА КАПЕЊЕ

Водата од природната чешма во Башино село е исправна за пиење. Последните анализи  на Центарот за јавно здравје во Велес покажуваат дека физичко-хемиските својства на водата се во рамките на дозволените параметри и согласно прописите за безбедност водата е дозволена за употреба. Водата во река Бабуна е бактериолошки неисправна и не е дозволена за капење,…

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ИЛИНДЕНСКИ КОЊАНИЧКИ МАРШ 2022

По повод големиот национален празник 2 Август, Денот на Републиката, Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година” и оваа година го организира традиционалниот Илинденски коњанички марш од Скопје до Крушево. Во четврток, 28 јули 2022 година во 19:00 часот, коњаницата ќе пристигне во Општина Велес, а делегации на Општина Велес, здруженија на граѓани и останати,…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Започна реконструкцијата на дел од улицата „Кумановска“. Градежните работи опфаќаат гребење на завршен слој на асфалт, чистење и асфалтирање. Во текот на изведување на градежните работи ќе има времен режим на сообраќај, односно ќе се врши запирање на сообраќајот по улицата со поставување на соодветни сообраќајни знаци. Се замолуваат граѓаните, додека трае реконструкцијата, да покажат…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО И СМРТТА НА АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ

Општина Велес ја одбележа годишнината од раѓањето и смртта на неимарот Андреја Дамјанов. На денешен ден се навршуваат 209 години од неговото раѓање и 144 години од неговата смрт. Со почит кон неговиот лик и дело, општинска делегација положи свежо цвеќе на неговиот вечен дом во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“. Андреја Дамјанов е познат градител…

ПРЕЗЕНТИРАН ВТОРИОТ ПОВИК ЗА ГРАНТ ЗА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ НА ЛОКАЛНО НИВО

Вториот повик за аплицирање за грант од проектот за подобрување на социјалните услуги денеска беше промовиран во Општина Велес. Проектот е на Министерството за труд и социјална политика а е финансиран од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка). Целта на проектот е да се развијат социјалните услуги на локално ниво од кои бенефит…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради припреми на спортските терени во Градски парк за одржување на престојните спортски игри, почнувајќи од денеска 31  мај 2022 година до 5 јуни 2022 година (недела) градскиот парк ќе биде затворен за возила, освен за дистрибутери со пропусница. Граѓаните и рекреативците ќе можат непречено да се движат во паркот. Се замолуваат граѓаните за разбирање…

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ НА УЛИЦА АНГЕЛ МИШЕВ НАСПРОТИ ЖИТО

Со стабилизирање на временските услови, од утре 31 мај 2022 година, продолжуваат започнатите градежни зафати на раскрсницата на улица „Ангел Мишев“ спој со улица „Петре Прличко“ и улица „Димитар Влахов“, наспроти маркет Жито. Се известуваат граѓаните дека поради непречено одвивање на градежните работи ќе има прекин на сообраќајот кој ќе трае најмалку две недели. Ќе…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна  дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност             Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 01…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦА АНГЕЛ МИШЕВ НАСПРОТИ МАРКЕТ ЖИТО

Се известуваат граѓаните дека од среда (25.05.2022 година) ќе се изведуваат градежни работи на раскрсница на улица „Ангел Мишев“ спој со улица „Петре Прличко“ и улица „Димитар Влахов“. Поради тоа се јавува потреба од забрана за сообраќај на тој дел од улицата. Сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови согласно поставената сообраќајна сигнализација. Општина Велес…