НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ

На вонредната седница, Советот на Општина Велес ја изгласа и усвои одлуката за времен соображаен режим додека трае санацијата на мостот кај Башино Село. Во координација со сите институции и приватниот сектор, советот ја донесе одлуката, во наредниот период, сообраќајот да се одвива на следниов начин: Товарниот сообраќај за влез во Велес се пренасочува од…

О Д Л У К А за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес

Врз основа на  член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 17- а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14,…

СООПШТЕНИЕ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРАГ НА ИНФОРМИРАЊЕ

Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/05,  4/13 и 183/17) во која е дефиниран Прагот за информирање на суспендирани…

ЧЕСТИТ БОЖИЌ!

Општина Велес им го честита најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање на сите православни верници. Витлеемската ѕвезда нека свети во сите домови, нека го осветлува патот на возвишението кон кое треба да се стремиме. Нека нé води вербата во Бога, како патоказ за подобро утре за сегашните и идни поколенија. Да ја…

ПРИВРЕМЕНО ЗАТВОРЕН МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО

Мостот на Вардар кај Башино село од денеска е привремено затворен за секаков вид на сообраќај. Ваква одлука донесоа надлежните институции откако го добија официјалниот извештај од Градежниот факултет во кој стои дека на мостот се забранува секаков вид на сообраќај бидејќи конструкциите се од висок ризик. Одлуката во јавноста ја соопштија премиерот Христијан Мицкоски,…

СООПШТЕНИЕ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРАГ НА ИНФОРМИРАЊЕ

Согласно последни резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес  ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 30 и 31 декември 2024 година и 01 јануари…

О Д Л У К А за  избор на кандидат за административен службеник по пат на унапредување

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61, 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 и 14/20), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните…

ВТОР ДЕН ВИНТЕРФЕСТ

Во одлична атмосфера помина и вториот ден од Винтерфест Велес во Младински парк. Мечето Теди повторно другаруваше со најмладите со исцртани лица. За забавата се погрижија ДЏ Бабура Јуниор и бендот Д’Солушн кои направија одлична забава за присутните. Велешани имаа можност да се стоплат со греано вино и да пробаат вкусна храна. Ракотворците беа на…

НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ ЗА 2024 ГОДИНА

Во организација на Сојузот на спортови Велес, вчеравечер се одржа традиционалната спортска манифестација на која беа прогласени најуспешните спортисти за 2024 година. Признанија и плакети добија клубови, поединци, тренери, судии, манифестации кои изминатава година постигнаа врвни резултати не само на домашен туку и на меѓународен терен. Титулата најдобар спортист на Велес за 2024 година ја…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2024 ГОДИНА

На денешната Новогодишна свеченост, Општина Велес ги награди најуспешните работници за 2024 година. Од името на градоначалникот Марко Колев, заменик градоначалникот Коста Нојков им посака добро здравје и нови успеси во новата 2025 година. Воедно им ја честита Новата година на сите граѓани на Општина Велес. „Од името на градоначалникот Марко Колев, од името на…