НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ ВО БАШИНО СЕЛО

Децата од Башино село ќе добијат ново катче во кое ќе можат да се забавуваат и дружат. Со проектот е предвидено да се постават мултифункционални елементи како и зелени зони на кои освен децата и возрасните ќе можат да ги користат. Во тек е постапка за избор на изведувач на детското катче. Освен за детското…

ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „8 МАРТ“

Од денеска, 5 февруари, ќе започнат подготвителните и градежните работи за реконструкција на дел од улицата „8ми Март“. Сообраќајот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на движење. Општина Велес со апел до граѓаните кои живеат или гравитираат во овој дел на градот да ја почитуваат поставената вертикална сигнализација и да покажат трпение и разбирање…

ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТИ ТРИФУН ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

Општина Велес годинава за прв пат ќе организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун. Во Младински парк граѓаните ќе имаат можност да уживаат во вкусот на виното на неколку локални винарии но и во вкусната храна од штандовите. За впечатокот да биде комплетен ќе се погрижат повеќе музички бендови и артисти.…

НА ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ ПРЕТСТАВЕНИ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ПРОФ. Д-Р ГЕОРГИ ШОПТРАЈАНОВ

Во организација на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев, денеска се одбележа годишнината од раѓањето на нашиот сограѓанин, професор д-р Георги Шоптрајанов. По тој повод, пред присутните почитувачи на ликот и делото на Шоптрајанов, свој настап имаа ученици од основното општинско училиште „Васил Главинов“. Георги Шоптрајанов е македонски филолог, универзитетски професор и културно-просветен деец.…

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Ќе се реконструираат спортските терени во ООУ „Васил Главинов“. Реконструкцијата опфаќа поставување на вештачка трева на фудбалското игралиште, поставување на најсовремена пластична подлога на кошаркарското игралиште, одобрена од Меѓународната кошаркарска федерација – FIBA, како и реконструкција на уште еден повеќенаменски спортски терен. Просторот дополнително ќе биде збогатен и со фитнес зона. Учениците и граѓаните од…

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ АКТЕРСКА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Општина Велес врз основа на Одлуката на Советот на Општина Велес за востановување на наградата за животно дело „Петре Прличко“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.3/06, 11/15 и 3/23), а во соработка со НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, распишува:   К О Н К У Р С за доделување Актерска награда за животно…

СЕ РЕКОНСТРУИРА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА КАЈ ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Во тек се градежни зафати за реконструкција на пешачката патека на улица „Нада Бутникошарова“, поточно помеѓу дуќаните и долниот дел на Градскиот пазар. Градежните работи на вкупна површина од 177 метри опфаќаат рушење на асфалтните површини на коловозот и на тротоарите, како и поплочување на патеките за движење на пешаците со бехатон. Со изградбата на…

РЕДОВНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕТСТАПНИШТВО

Членовите на Општинскиот Совет за превенција од детско претстапништво денеска одржаа редовна седница. На дневен ред меѓу другите точки, членовите ја разгледаа Програмата на активности за 2024 година и со свои предлози го дополнија Акцискиот план по кој ќе работат. На денешната седница се разгледаа и ризик факторите кои доведуваат до несоодветно однесување на децата…