ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во понеделник,  20.11.2023 година, започнува санација на фекална канализација  и оштетен асфалт  на дел од улицата „Киро Ќучук“, на потегот од спој со улица „Белградска“ до спој со улица „Петре Милевски“. Поради изведување на градежните работи, по улицата нема да се одвива сообраќај, на улицата ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Во зависност од…

28 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПЕТРЕ ПРЛИЧКО

Денеска се навршуваат 28 години од смртта на доајенот на театарската уметност Петре Прличко. Делегации на Општина Велес и советници при Советот на Општина Велес положија свежо цвеќе на спомен бистата на Прличко во Младински парк. Почит на бардот на македонското глумиште му оддадоа и актерите од велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и претставници…

ЗАВРШЕН НАСТАН ЗА ПРОЕКТОТ „ЗАЕДНО СМЕ ПОДОБРИ”

Меѓуопштинското Здружение на лица со телесен инвалидитет на Општина Велес, Чашка и Градско „Мобилност”, Велес, денес во просториите на Европска куќа организираше завршен настан за проектот „Заедно сме подобри”, кој беше поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од  Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна…

ОБЈАВА НА БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

Градоначалникот на Општина Велес    ОБЈАВУВА          Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола   Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,…

ЗАВРШЕН НАСТАН ЗА ПРОЕКТОТ „ЕТНО КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА СТАРИТЕ ЗАНАЕТИ”

Здружението на граѓани „Разбој”, Велес, во партнерство со Здружението на финансиски работници од Велес, денес во просториите на Европска куќа Велес, организираше завршен настан за проектот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети”, кој беше поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансиран од  Европската унија (ЕУ),…

АТЛЕТСКА ТРКА ВО ЧЕСТ НА ПРАЗНИКОТ НА ВЕЛЕС, 9 НОЕМВРИ

Како дел од одбележувањето на празникот на градот, 9 Ноември, викендов се одржа атлетска трка „Велес трча“ во Градскиот парк. Трката ја завршија 264 учесници кои се натпреваруваа во две трки  на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција. На патеката од 10 километри, најдобра меѓу жените беше Фросина Михајловска која патеката ја…

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ПОЕТСКИ И ЛИКОВНИ ТВОРБИ НА 56 ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Над 100 ученици од сите краишта на Македонија добија награди за најдобри поетски и ликовни творби кои учествуваа на конкурсот на Општина Велес на тема „Да му го земеш јазикот на народот – тоа значи да му ја земеш душата“ Рацин. Наградени беа и учениците кои се пријавија на натпреварот во ораторство на истата тема.…

56 ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистите на Кочо Рацин пред Гимназијата што го носи неговот име, во центарот на градот како и пред Паметникот во Спомен костурницата, од страна на делегација на Општина Велес и делегации на јавни институции, денеска започнаа 56 Детски Рацинови средби. Децата од Градинката „Димче Мирчев“ рецитираа поезија од…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат жителите на село Сливник дека водата од водоводната мрежа не е за пиење согласно последните резултати од извршените анализи за здравствена безбедност на водата. Анализа на  примерок на вода е извршена од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес и врз основа на добиените резултати е дадено стручно мислење дека испитаниот…