„МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ГИ ЗАСЕГА СИТЕ“ – ТРИБИНА ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Трибина на тема „Менталното здравје ги засега сите“, во организација на Советот за јавно здравје при Општина Велес, денеска се одржа во Големата сала на Општина Велес. На трибината присуствуваа ученици од основните и средните училишта во градот. За значењето на менталното здравје кај младата популација говореше претседателката на Советот за јавно здравје д-р. Родна…

ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22), Градоначалникот на Општина  Велес, на ден  20.11.2023 година  донесе   Одлука за неспроведување на стратегиска…

ПРОМОЦИЈА НА ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВИЦА ДАБЕВСКА КИРОВСКА

84 годишнината од излегувањето од печат на Рациновите „Бели мугри“ се одбележа со промоција на творештвото на авторката Славица Дабевска Кировска во Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Граѓаните присутни на промоцијата се запознаа со содржината на прозните дела „Зелениот капут“ и „Срна“, за кои авторката најави продолжение со што оваа едиција ќе стане трилогија во која…

ИЗЛОЖБА НА СТХОЗБИРКАТА „БЕЛИ МУГРИ“ ВО БИБЛИОТЕКАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

По повод 84 години од излегувањето од печат на стихозбирката „Бели мугри“ од  Коста Солев  Рацин, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ организира изложба на сите изданија од оваа збирка кои се наоѓаат во библиотеката. На изложбата се поставени примероци од книгата преведена на повеќе јазици. Сите заинтересирани граѓани можат да ја посетат изложбата која е поставена…

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА – УЧЕСТВО НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ПОЛИТИЧКИОТ И ЈАВНИОТ ЖИВОТ

Панел дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“ се одржа во Електронската сала на Општина Велес. На дискусијата во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, збор земаа претстедателката на здружението Благица Димитровска и градоначалникот на Општина Велес Марко Колев. На панел дискусијата беа презентирани резултатите од проценка на…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во понеделник,  20.11.2023 година, започнува санација на фекална канализација  и оштетен асфалт  на дел од улицата „Киро Ќучук“, на потегот од спој со улица „Белградска“ до спој со улица „Петре Милевски“. Поради изведување на градежните работи, по улицата нема да се одвива сообраќај, на улицата ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Во зависност од…

28 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПЕТРЕ ПРЛИЧКО

Денеска се навршуваат 28 години од смртта на доајенот на театарската уметност Петре Прличко. Делегации на Општина Велес и советници при Советот на Општина Велес положија свежо цвеќе на спомен бистата на Прличко во Младински парк. Почит на бардот на македонското глумиште му оддадоа и актерите од велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и претставници…