ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЗАОСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2, став 3 и став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20) и член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за…

ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИ ЗА ИНКЛУЗИЈА, ЕДНАКВОСТ И ДОВЕРБА”

Почитувани млади, Општина Велес во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) отпочнува со реализација на проектни активности кои се дел од регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“. Во рамки на овој проект, ќе биде реализирана Обука за обучувачи, организирана од страна на партнерот на проектот „Младински образовен форум – МОФ“.…

ОДБЕЛЕЖАНА 121 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА УЧИТЕЛОТ ПЕТАР МИХОВ

Денеска се навршуваат 121 година од смртта на учителот и револуционер Петар Михов. По повод годишнината, делегација на Општина Велес се поклони пред гробот на Михов во црквата Св.Спас и положи свежо цвеќе. Петар Михов е учесник во Македонското ослободително движење уште во првите години по формирањето на ТМРО. Во април 1902 година е однесен…

81 година од ВПО „Димитар Влахов“ и 79 години од формирањето на ПО „Трајче Петкановски“

Делегација на Општина Велес денес се поклони на Спомен костурница, вечното почивалиште  на загинатите борци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Свежото цвеќе беше положено и во чест на 79. годишнината од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“. Вечна слава  и благодарност на сите што го положија животот за Македонија.  

Започнува изградбата на Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство!

Центарот за развој на Вардарски плански регион и фирмата за изведба, АС Машини од Кавадарци денес го потпишаа договорот за изградба на овој регионален центар, прв од ваков вид во Македонија, кој е предвиден да се изгради во наредните 6 месеци. Вредноста на центарот е близу 15 милиони денари, средства обезбедени од Швајцарската амбасада и…

Помошното игралиште во Градски парк добива нов лик!

Пристигна вештачката трева за култното игралиште во Градски парк, народски познато како ракометно која ќе биде поставена деновиве. Со поставување на оваа современа подлога велешани ќе добијат уште еден модерен терен за спорт и рекреација.

Продолжуваме со подобрување на патната инфраструктура во градот!

Започнавме со градежни активности за реконструкција на дел од улица “Сараевска”. Со овие зафати ќе се изврши поправка на оштетувањата со завршен бетонски слој, а ќе бидат опфатени и два крака од истата улица.

ПАКЕТИ СО ХРАНА И ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО БЕЛЧЕВИШТА

Пакети со храна денеска беа доставени и до жителите на село Белчевишта. Подолг временски период осум жители од селото беа отсечени од градот поради штрајкот на железничарите и несообраќањето на возовите. Претставници на  Општина Велес и  на ОО на Црвен крст Велес и со поддршка на теритпријалната противпожарна единица, и покрај непристапниот пат, стигнаа до…