ВЕРАТА Е ЗА ДА СЕ ПРАКТИКУВА, ТРАДИЦИЈАТА ЗА ДА СЕ НЕГУВА!

Сеќавајќи се на Богојавление – Водици, денот кога небото се отвори и Светиот Дух слезе врз Господ Исус и оваа година продолжува вековната традиција на фрлање на Светиот крст во водите на река Вардар. На настанот ќе му претходи божествена литургија, а со самиот чин ќе чиноначелствува Митрополит Повардарски г.Агатангел. За таа цел, се повикуваат…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, среда, 18 јануари 2023 година, во наредниот четиримесечен период ќе се одвиваат градежни работи за адаптација и преуредување на простор, дел од објект во сопственост на Општина Велес на улица „8 Септември” во централното градско подрачје (зградата на поранешното кино „11 Октомври”). Поради тоа, Општина…

ОДБЕЛЕЖАНА 114 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистите на Коста Солев Рацин во градот и Спомен костурницата, Општина Велес го одбележа раѓањето на најголемиот поет и револуционер. На 114 годишнината од раѓањето на Кочо Рацин, пред спомен бистата во дворот на Гимназијата што го носи неговото име, свежо цвеќе положија делегации од општинската администрација од…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК 21 ДЕКЕМВРИ

Почитувани сограѓани од турската заедница, Општина Велес Ви го честита Денот на наставата на турски јазик, 21 Декември. Употребата на мајчин јазик во образовниот процес и во секојдневниот живот е најголемата придобивка на човештвото. Можноста за образување, творење и напредување на својот мајчин јазик е вредност која придонесува за културниот развој на заедницата. Велес е…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од среда, 07.12.2022 година, ќе започне изградбата на потпорен ѕид на улица „Киро Ќучук“ на куќен број 61. Со изградбата на ѕидот ќе се создадат услови за реконструкција на дел од улицата, на потегот од раскрсницата со улица „Белградска“ до објект  со број 63 на улицата „Киро Ќучук“, во должина од околу 135 метри. Поради…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Започна реконструкцијата на дел од улицата „Камка Тоцинова“ во населба Керамидна , на спој со улицата „Луј Пастер“, до куќен број 20, во должина од 100 метри. Градежните работи опфаќаат кршење на стара бетонска подлога, изнесување на шут, планирање и валирање, тампонирање, армирање и бетонирање. Истовремено се планира и реконструкција на водоводната линија на тој…

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО, 5 ДЕКЕМВРИ, ОДБЕЛЕЖАН ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Да се волонтира значи да се делува на добра волја и од хумани побуди. Велес е град на хумани луѓе и волонтери чија вредност е бесценета, тие се присутни и активно делуваат во сите сегменти од општественото живеење и во насока на подобрување на животот на ранливите категории на граѓани во заедницата. Со панел дискусија…

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

Во организација на Советот за јавно здравје на Општина Велес и ОО на Црвен крст денеска во Големата сала на општинската зграда се одржа трибина по повод Светскиот ден на борбата против ХИВ/СИДА, 1 Декември. На едукативната трибина, на која стручни лица одржаа предвање за ХИВ/СИДА, како се пренесува и лекува вирусот, начинот на дијагностицирање…

СТАРТУВАШЕ КАМПАЊАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Организацијата на жени  од Велес денеска ја започна кампањата против семејното насилство која се спроведува на глобално ниво. Во рамките на своите активности што се реализираат со поддршка на  Општина Велес и Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес, Организацијата на жени, во присуство на членовите на Комисијата при…

83 ГОДИНИ ОД РАЦИНОВИТЕ МУГРИ

Стиховите на Рацин одекнаа во неговата родна куќа во Велес. Неговите потомци го оживеаја споменот на безвременото  дело на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. На денешен ден се навршуваат 83 години од денот кога во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор за прв пат излегоа од печат Рациновите „Бели мугри“. За неговиот живот…