ПОВИК ЗА ИДЕИ – СТАРТ – АП ПРОГРАМА ЗА ТУРИСТИЧКИ ИНОВАЦИИ

Дали сте готови да ги трансформирате индустриите за патување, туризам и угостителство? Тогаш ова е Вашата шанса! Центарот за развој на Вардарски плански регион објавува повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот.   Рок за аплицирање: До 20 август 2023 година на следниот линк: Форма за аплицирање за…

ЕТНО КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА СТАРИТЕ ЗАНАЕТИ

НВО „Разбој” – Велес во партнерство со Здружение на финансиски работници денес започна со одржување на три од петте предвидени работилници за обновување на старите занаети во рамките на проекетот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети”. Работилниците се намените за учениците од сите општински основни училишта, како и сите други лица кои имат…

ОДБЕЛЕЖАНА 74 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БОРЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето и на бистата на Мирка Гинова, денеска се одбележаа 74 години од загинувањето на борците од Егејска Македонија. На учесниците  во граѓанската војна во Грција почит им оддадоа делегации на Општина Велес и на Општина Градско, Здружение на Македонците од Егејска Македонија „Ѕвезда“ од Велес, претставници на…

„СОСЕДСКА ПАТРОЛА“ !

Превентивна кампања на СВР Велес во соработка со Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво насочена кон младите од Општина Велес ! На подрачјето на градот Велес, во саботата на 22.07.2023год. започна превентивната кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво, претставници на…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕМЕЛНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ОРЦЕ МАРТИНОВ

Од следната недела  ќе започнат  градежните работи за темелна  реконструкција на  улица Орце Мартинов  ,   од потегот –  спој со улица “Самоборска “  до    спој со улица “Игманска “  во должина од околу 360 м . Градежните работи ќе се изведуваат со ангажирање на градежна механизација за изведување на градежните работи од различен обем и…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА КУКУШКА

Отпочнати се градежни активности за реконструкција на дел од ул Кукушка во месноста “ Дворови “   – на потегот од спој со ул Никола Оровчанец  до спој со ул Ѓоре Органџиев во должина од околу 100 м Реконструкцијата подразбира вадење на гранитната коцка , припрема на  подлогата со ископ , планирање , тампонирање и поставување…

Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање…