ЧЕСТИТ 20 МАЈ, ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО!

Една од најхуманите професии е онаа на пожарникарите. Кога ние се повлекуваме, тие херојски застануваат во првите борбени линии. Во борба против огнената стихија, секојдневно изложени на ризик, но и со голема одговорност. Денешниот ден им го посветуваме ним и нивната благородна мисија. Во нивна чест го одбележавме денот преку пригодна програма со показни вежби,…

ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ ВО СИТЕ ДЕЛОВИ НА ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ!

Градоначалникот Марко Колев денес беше на улицата Даме Груев на увид во градежните активности, каде во тек е бетонирање, откако претходно беше заменета водоводната мрежа. И во наредниот период продолжуваме со интензивна работа со цел подобрување на инфраструктурата во градот. Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!

СО НАЈМАЛИТЕ ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

9 Мај е денот кога се обединуваат два важни историски настани – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Оваа година овој ден го одбележавме со најмалите! Дечињата од големата група од Објектот 2 “Сонце” при ОЈУДГ “Димче Мирчев” денес дојдоа во посета на Општина Велес, каде ни ги претставија земјите членки на…

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС Е ВО ВЕЛЕС !

Во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија (МАССУМ) а под домаќинската палка на ССОУ “Димитрија Чуповски” од Велес, ученици од 47 средни стручни училишта денес во Велес ги мерат своите сили во знаење, таленти и вештини. Натпревари во повеќе стручни категории, шоу на таленти, модни ревии, технолошки иновации, медицински лица, спортски…

5 МАЈ ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик и на македонската азбука, 5 Мај. Јазикот е најголемото културно и историско богатство на една нација со кој се идентификува и издвојува од другите народи. Да останеме доследни и верни на корените и традицијата, да продолжиме да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Велес дека од денеска (четврток) 28.04.2022 година започнува реконструкцијата на тротоарот на улица „Илинденска“ и тоа на десната страна на тротоарот во правец кон мостот „Гемиџии“. За изведувањето на градежните работи ќе се користи механизација од различен вид  и ќе биде ппставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат…

ГРАДЕЖНАТА МЕХАНИЗАЦИЈА АКТИВНА НА ТЕРЕН !

Градоначалникот Марко Колев заедно со претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков, и советникот Игор Стојанов извршија увид во градежните зафати за реконструкција на улица “Браќа Капчеви” која се очекува да биде завршена за околу 15 дена. Долгогодишните инфраструктурни проблеми на граѓаните ги решаваме посветено и одговорно. Поубав Велес станува реалност!  

ВЕЛЕС ГИ ИМА НАЈДОБРИТЕ МЛАДИНСКИ ОДБОЈКАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !

Овој викенд ГОК „Борец“ го освоија шампионското место на државното првенство за младинци за сезона 2021/22 и на задоволство на градоначалникот Марко Колев денес беа гости во неговиот кабинет. Градоначалникот Колев лично им честиташе за успехот и им искажа благодарност за афирмацијата на градот. Прекрасно е чувството кога инвестираме во децата и создаваме здрави и…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Велес дека од денеска, 18.04.2022 година, започнува реконструкција на дел од улица „Александар Несторов“ од спој со улица Славе Ефтовски. Ќе се изведуваат градежни активности на делот од улицата кој е најстрмен и е поплочен со завршен слој коцка. За време на изведувањето на градежните работи ќе се користи градежна механизација…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КОМАНДАТА ЗА ОБУКА И ДОКТРИНИ

Денес, 15 Април, се одбележува Ден на Командата за Обука и Доктрини, за која цел градоначалникот Марко Колев присуствуваше на свечена церемонија во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ на која беа доделени плакети, признанија и благодарници на најзаслужните припадници на армијата, институции, како и на ученици за учество во ликовен и литера турен конкурс. Благодарница…