ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС АТРАКТИВНО ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Општина Велес денеска беше домаќин на јавната трибина „Учи паметно, работи стручно“. Во Големата сала на општината се одржа социјален дијалог помеѓу средните стручни училишта и приватните компании. Целта на настанот е креирање на програмските политики на средните стручни училишта и подобрување на соработката со бизнис секторот. На јавната трибина се потенцираше потребата  од дуално…

151 ГОДИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Денеска се одбележуваат 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја, учител, визионер, и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење од крајот на 19. и почетокот на 20.век. Сеќавањето на годишнината од неговото раѓање е чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и…

ОДЛИЧНАТА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И ЈКП ДРВЕН ПРОДОЛЖУВА!

Службите на ЈКП Дервен започнаа со интензивна работа за замена на подземната водоводна инфраструктура на ул.”Лазо Осмаков”, по што оваа улица ќе се реконструира со завршен слој од асфалт. Покрај овие активности, секторот за паркови и зеленило од комуналното претпријатие изминатите денови врши и кастрење на дрвјата на повеќе локации во градот. Продолжуваме посветено за…

ЕУ КУЌАТА ЗА МЛАДИТЕ СЕ ПОДГОТВУВА!

Започна со реконструкција објектот во центарот на градот кој е наменет за ЕУ куќа за млади, каде што младите ќе можат да се собираат за да ги споделуваат и реализираат нивните инвентивни и креативни идеи. Овој проект е целосно финансиран од Европската Унија. Зашто младите го заслужуваат најдоброто! За поубав Велес!

94 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ВАСИЛ ГЛАВИНОВ-БОРЕЦ ЗА ЧОВЕКОВИ И РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Во спомен на годишнината од смртта на велешкиот револуционер и поборник за работничките права, Васил Главинов, делегации на Општина Велес, на Општинското основно училиште што го носи неговото име, денеска, положувајќи свежо цвеќе, се поклонија пред спомен бистата на Главинов во дворот на основното училиште. Васил Главинов е роден во 1869 година во Велес. Тој…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Денеска, 24.01.2023 година, ќе се отпочне со градежни актвивности за реконструкција на дел од улица „Благој Ѓорев“ – Нова населба (од Градинка „Димче Мирчев“ клон 5 до спој со улица „Живко Фирфов“) и дел од улица „Живко Фирфов“. Сообраќајот ќе се одвива согласно времен режим до завршување на работите. Изведувач на градежните работи е „Градба…

ПРОТЕЧЕ ВОДА ВО НАСЕЛБА ТРПЕЗИЦА!

Она што го ветивме тоа и го исполнивме – решен е децениски проблем на жителите на населба Трпезица! Службите на ЈКП Дервен завршија со активностите за изградба на водоводна мрежа а во наредниот период ќе следува приклучување на домаќинствата по претходно поднесено барање. Продолжуваме посветено, за поубав Велес.