ОДЛИЧЕН СТАРТ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Преполн Амфитеатар, одлична енергија и насмеани лица. Ваква беше сликата на стартот на Велешко лето 2025. Стенд ап комичарот Стефан Николовски ја воодушеви публиката со својот хумор, а она што следуваше потоа беше вистински спектакл. Нашиот Мики Секуловски приреди вистинска забава со двочасовниот концерт, пеејќи хитови за сите генерации. За љубителите на електронската музика во…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ УЧИТЕЛ И РЕВОЛУЦИОНЕР ПАНКО БРАШНАРОВ

Во пресрет на денот кога се одбележуваат 74 години од смртта на народниот учител и учесник во двата Илиндена, Панко Брашнаров, делегации на Општина Велес и општинскиот совет, членови на неговото семејство, членови на Општинската организација на Сојузот на борците, изразија почит и признание, положувајќи свежо цвеќе пред неговиот споменик – сведоштво за една борба,…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО И СМРТТА НА АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ

Општина Велес ја одбележа годишнината од раѓањето и смртта на неимарот Андреја Дамјанов. На 12 јуни се навршуваат 212 години од неговото раѓање и 147 години од неговата смрт. Со почит кон неговиот лик и дело, општинска делегација положи свежо цвеќе на неговиот вечен дом во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“. Андреја Дамјанов е познат градител…

СТАРТУВА „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025“

Со концерт на нашата музичка ѕвезда Мики Секуловски, во Амфитеатар во Младински парк, вечерва стартува „Велешко лето 2025“. Велешани ќе ги забавува младиот актер и стенд ап комичар Стефан Николовски. Програмата на културната манифестација е богата со разновидни содржини и настани од областа на музиката , литературата, ликовната, филмската и друг вид на уметности. Настаните…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА 30 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ И ЗАШТИТА И ОПЛЕМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛНО НИВО (ПОШУМУВАЊЕ)

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Мерка 6.2 –Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) на ден 10.07.2025 година се објавува:   Ј …

ЛОКАЛИЗИРАНИ ПОЖАРИ ВО ОКОЛИНАТА НА ВЕЛЕС

Активни пожари имаше и во околината на Велес. Пожарникарите од ТППЕ Велес беа на терен и успешно се справија со огнените стихии. Сува трева гореше во селата Џидимирци, Кочилари, Ветерско, над селото Раштани, помеѓу Оризари и Клуковец, во населбата Речани, кај местото Штипска рампа, Пашин мост и кај кланицата Агриа. Во селата Ветерско и Џидимирци…

РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА КУПЕН ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ЗА 2025 ГОДИНА

Согласно Правилник за изменување на Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен инвертер клима уред („Службен гласник на Општина Велес“ бр.08/22,06/24), а врз основа на Одлуката за определување на максимален износ за доделување на…

СПОРТСКИОТ КОМПЛЕКС ВО НАСЕЛБА ТУНЕЛ ПОД ВИДЕО НАДЗОР

По Гимназијата „Кочо Рацин“ и ООУ „Васил Главинов“, видео надзор е поставен и на спортскиот комплекс во населба Тунел. Со цел да се заштити урбаната опрема во градот Општина Велес продолжува со поставување на камери за 24 часовен видео надзор. Под видео надзор ќе бидат сите реконструирани и новоикзградени спртско рекреативни центри во Велес.