РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ШТО ГИ ПОВРЗУВА ОТОВИЦА И СОЈАКЛАРИ

Ќе се реконструира патниот правец Отовица-Сојаклари. Општина Велес ги обезбеди финансиските средства за реконструкција во соработка со Владата и Министерството за транспорт со што ќе се реши уште еден долгогодишен проблем на жителите од овие две населени места. Реконструкцијата на патот што ги поврзува двете села Отовица и Сојаклари е по барање на жителите, а…

К О Н К У Р С за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

Општина Велес врз основа на Одлуката на Советот на Општина Велес за востановување на наградата за животно дело „Петре Прличко“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.3/06, 11/15 и 3/23), а во соработка со Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, распишува:   К О Н К У Р С за доделување Актерска награда за животно дело…

АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ПОБЛИСКА ДО ГРАЃАНИТЕ

Под слоганот „Катастар до тебе“ Агенцијата за катастар на недвижности започна кампања која има за цел да им ги доближи услугите на граѓаните, со отворени и транспарентни одговори за сите нивни проблеми.  Службеници на агенцијата ќе одржуваат средби со граѓаните кои се соочуваат со долгогодишни проблеми и прашања со цел да се изнајдат соодветни решенија.…

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Францускиот амбасадор во Македонија Н.Е. Кристоф Ле Риголер во посета на Општина Велес. Тој оствари средба со градоначалникот Марко Колев на која се разговараше за тековните проекти и предизвици на општината. На средбата стана збор и за можностите за продлабочување на соработката и поголема афирмација на француската култура и јазик. Соработката со меѓународната заедница е…

ЗАШТИТНИКОТ НА ЛОЗАРИТЕ СВЕТИ ТРИФУН ОДБЕЛЕЖАН ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со закројување на лозовите насади со што симболично се означува почетокот на земјоделските работи, се одбележа големиот христијански празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите. И годинава, Општина Велес, организираше настани за одбележување на празникот. Граѓаните имаа можност да уживаат со богата програма од песни и ора во Младински парк. За добро расположение  и…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Во тек се подготвителни земјени зафати за реконструкција на влезот во село Иванковци. По завршувањето на овие работи ќе следи постилање со завршен бетонски слој. Оваа инвестиција ќе приодонесе за опстанок и развој на селото. Општина Велес континуирано вложува во рамномерен развој на општината.  

ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО И СМРТТА НА РАЈКО ЖИНЗИФОВ

На 15 февруари се навршуваат 187 години од раѓањето  и 149 години од смртта на македонскиот преродбеник Рајко Жинзифов. Во негова чест, делегација на Општина Велес,претставници на училиштето што го носи неговото име, и други институции, положија цвеќе пред спомен бистата во дворот на општинското основно училиште во Горно Оризари. Рајко Жинзифов е роден на…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Ќе се реконструира уште една долга и фрекфентна улица во градот. Финансиските средства за изведба на градежните зафати на улицата, Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за транспорт.      

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ВАСИЛ ЃОРГОВ“

Ќе се реконструира улицата „Васил Ѓоргов“. Целосно ќе бидат реконструирани кривините кои водат до Којник, Мегдан, Теќе и останатите горни велешки маала. Финансиските средства за оваа фрекфентна улица, Општина Велес ги обезбеди преку Владата и Министерството за транспорт.      

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНИОТ ДОМ НА ТППЕ ВЕЛЕС

Ќе се реконструира противпожарниот дом на ТППЕ Велес. Целосно ќе се реновира противпожарниот објект, помошниот објект и партер просторот со што ќе се обезбеди поголема функционалност и подготвеност за навремено извршување на работните задачи на пожарникарите. Општина Велес ги обезбеди средствата за реконструкција во соработка со Владата и Министерството за транспорт.