СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ТРЕТА АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност   Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 13 август…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ПРАЗНИКОТ НА ПАТРОНОТ И ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ПАНТЕЛЕЈМОН

Со вечерна богослужа и богата програма Општина Велес го одбележа празникот на патронот и заштитникот на градот Свети Велокомаченик Пантелејмон. Пред присутните во дворот на соборниот храм што го носи неговото име, се обрати градоначалникот Марко Колев. „Почитувани присутни дозволете ми на овој ден да ви посакам многу здравје, овој светец да ни го чува…

142 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПАНКО БРАШНАРОВ

На денешен ден се навршуваат 142 години од раѓањето на народниот учител и учесник во двата Илиндена Панко Брашнаров. Овој датум нека остане потсетник на сите генерации за животот и делото на непоколебливиот борец за националните идеали. Панко Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Учесник е во најзначајните историски моменти во борбата на…

„ПОЕЗИЈА ЗА МОЈОТ ГРАД“ – ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Поетско-музички перформанс насловен како „Поезија за мојот град“ вчеравечер на Велешко лето 2025. Настанот што се случи во Младински парк уште еднаш потврди дека Велес е дом на талентирани уметници и вечна инспирација за творештво. Програмата на Велешко лето продолжува вечерва со чествување на заштитникот на градот, Свети Пантелејмон, во храмот посветен на него, со…

ПРОДОЛЖИ ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ ДО СТАР МОСТ

Продолжува изградбата на кејот на реката Варадар до Стар мост. Градежните активности се во тек на потегот од Мало мовче до Стариот мост. Со поврзување на кејот што претходно се изгради, од потегот на мостот „Гемиџии“ до „Мало мовче“, граѓаните ќе добијат уште едно уредено катче за одмор и релаксација.      

КРЕАТИВНО ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА НАЈМЛАДИТЕ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО

Вчеравечер во спортскиот комплекс во населба Дворови  најмладите цртаа, боеја но и одговараа на прашања поврзани со книгите. Точниот одговор им донесе награди. Креативно едукативната рабоптилница беше во опрганизација на локалната библиотека „Гоце Делчев“ која имаше за цел да ги поттикне децата да читаат книги и во лето. Забавата беше комплетна со пристигнувањето на нивниот…

АРЕА НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО

Музичката рок група АРЕА со концерт во Велес. Велешани ќе имаат можност да уживаат во безвремените хитови на култната рок група во сабота, 9 август.  Настапот на АРЕА ќе биде на плочата позади ООУ „Блаже Конески“ со почеток во 21:00 часот. Општина Велес ги поканува сите љубители на квалитетна рок музика да дојдат и да…

СТЕНД АП КОМИЧАРОТ БОЈАН ВЕЛЕВСКИ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Уште една забавна вечер помина во Амфитеатар во Младински парк од Велешко лето 2025. Велешани имаа можност од срце да се насмеат на досетките со хумористичен тон на стенд ап комичарот Бојан Велевски. Велешко лето продолжува утревечер со поетско – музичкиот перформанс „Поезија за мојот град“ во Младински парк со почеток во 21:00 часот.  

ОДЛУКА за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14,…

ОДЛУКА за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес

Врз основа на  член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 17- а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14,…