ПОЧНА XX ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВЕЛЕС 2025
Со традиционалното дефиле низ улиците на градот, вчеравечер започна дваесеттото јубилејно издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2025. Фолклорните групи, учесници на фестивалот, ја презентираа својата традиција и култура преку музиката, танцот и носијата, најавувајќи неколку дена полни со музика, танц и песна. По дефилето, фестивалската магија продолжи на сцената на Амфитеатарот во Младински парк…











