СО ДОНАЦИЈА ОД МИРОВНИОТ КОРПУС ОДБЕЛЕЖАН 12 АВГУСТ, ДЕНОТ НА МЛАДИТЕ
По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, денес во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев”, Општина Велес организираше интерактивна работилница за млади со претставници на Мисијата на Мировниот корпус. Младите велешанки и велешани разговараа за предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во градот, но и за можностите кои ги нудат невладините организации, фондациите…