НА ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ ПРЕТСТАВЕНИ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ПРОФ. Д-Р ГЕОРГИ ШОПТРАЈАНОВ

Во организација на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев, денеска се одбележа годишнината од раѓањето на нашиот сограѓанин, професор д-р Георги Шоптрајанов. По тој повод, пред присутните почитувачи на ликот и делото на Шоптрајанов, свој настап имаа ученици од основното општинско училиште „Васил Главинов“. Георги Шоптрајанов е македонски филолог, универзитетски професор и културно-просветен деец.…

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Ќе се реконструираат спортските терени во ООУ „Васил Главинов“. Реконструкцијата опфаќа поставување на вештачка трева на фудбалското игралиште, поставување на најсовремена пластична подлога на кошаркарското игралиште, одобрена од Меѓународната кошаркарска федерација – FIBA, како и реконструкција на уште еден повеќенаменски спортски терен. Просторот дополнително ќе биде збогатен и со фитнес зона. Учениците и граѓаните од…

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ АКТЕРСКА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Општина Велес врз основа на Одлуката на Советот на Општина Велес за востановување на наградата за животно дело „Петре Прличко“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.3/06, 11/15 и 3/23), а во соработка со НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, распишува:   К О Н К У Р С за доделување Актерска награда за животно…

СЕ РЕКОНСТРУИРА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА КАЈ ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Во тек се градежни зафати за реконструкција на пешачката патека на улица „Нада Бутникошарова“, поточно помеѓу дуќаните и долниот дел на Градскиот пазар. Градежните работи на вкупна површина од 177 метри опфаќаат рушење на асфалтните површини на коловозот и на тротоарите, како и поплочување на патеките за движење на пешаците со бехатон. Со изградбата на…

РЕДОВНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕТСТАПНИШТВО

Членовите на Општинскиот Совет за превенција од детско претстапништво денеска одржаа редовна седница. На дневен ред меѓу другите точки, членовите ја разгледаа Програмата на активности за 2024 година и со свои предлози го дополнија Акцискиот план по кој ќе работат. На денешната седница се разгледаа и ризик факторите кои доведуваат до несоодветно однесување на децата…

22 ГОДИШНИОТ ИГОР ЈОРДАНОВ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВЕЛЕС

На денешниот голем христијански празник Богојавление Водици, дваесет и две годишниот Игор Јорданов од Потокот беше најсреќниот меѓу деведесетината велешани кои скокнаа по светиот крст во водите на реката Вардар. Тој прв пат учествува на овој свет чин и е среќен што токму тој успеал да го фати крстот. „Јас сум Игор Јорданов, од Потокот,…

УЛОГАТА НА ОПШТИНАТА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА, ТЕМА НА ДВОДНЕВНА ОБУКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА МЕЃАШИ И КМОП СКОПЈЕ

Општини посветени на децата е темата на дводневната обука што се одржа во хотел Романтик во организација на Прва детска амбасада Меѓаши и Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје. Обуката се реализираше во две групи во кои учествуваа претставници на општина Велес и претставници на образовните институции во градот како и од детската…

БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ -ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА

Општина Велес ги повикува сите заинтересирани православни христијани да земат учество на чинот на фаќање на светиот крст што ќе се одржи во петок на големиот верски празник Богојавление Водици. Граѓаните можат да се пријават во просториите на Повардарска епархија, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Чинот на фрлање на светиот крст е…