ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ НА С.ЦРКВИНО

Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, денес беше во посета на Подрачното основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во с.Црквино каде направи увид на училишната зграда која поради долгогодишната запоставеност од страна на надлежните е во лоша состојба. Воедно им соопшти дека со општинските служби се изнајде решение за нивниот долгогодишен проблем – проширување на…

ВРАЧЕНО 100-то РЕШЕНИЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

Од почетокот на мандатот на Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, денес беше врачено 100-то решение за легализација на г-динот Бранко Далевски од с.Башино Село. Легализацијата на објекти беше проблем на велешани за кој во предизборниот период Градоначалникот се обврза дека ќе се заложи. Со реорганизација на постоечките човечки ресурси во Општината се максимизираа…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ПРЕД ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ

Се известуваат сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во услови на снежни врнежи се должни веднаш да го исчистат снегот пред нивните објекти со цел да се обезбеди непречен пристап до нив. Отстранувањето на снегот од отворените јавни  простори пред деловните објекти е согласно…

ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“ ДОБИ СЕНЗОРНА СОБА

Во општинското основно училиште „Васил Главинов“ отворена е сензорна соба за учениците со атипичен развој и потешкотии во развојот. Сензорната соба е донација на Евангелската црква и пастор Филип Иванов. Градоначачлникот Марко Колев денеска го посети училиштето и се заблагодари за донацијата. Двајца специјални едукатори и рехабилитатори ќе работат индивидуални третмани со учениците со попречености…

ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ПАЗАРОТ

Денеска се изврши технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар. На техничкиот прием присуствуваа претставници на фирмата изведувач Бауер БГ, надзорниот орган пд МБМ Инженеринг, претставници од ЈКП Дервен како и од Општина Велес. Присутните извршија увид на целиот објект и помошните простории. Во рок од осум дена изведувачот треба да ги отстрани…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Градоначалникот Марко Колев заедно со членови на Советот на Општина Велес денеска ги посети децата кои се лекуваат во детското одделение на Општа болница Велес. Им посака што побрзо да оздрават и им подари новогодишни пакетчиња. Општина Велес традиционално им ја честита Новата година на дечињата од детското одделение со желби за добро здравје и…

ЗАВРШЕНИ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ „АНДОН ШУРКОВ“ И „ЈОВАН БАСАРОВ“

Градежните работи за бетонирање на дел од улиците „Андон Шурков“ во близина на ССОУ „Коле Неделковски“ и улицата „Јован Басаров“ во населбата Превалец се завршени. Бетонирањето на улицата „Андон Шурков“ е во вредност од 880.000 денари со ДДВ, додека за улицата „Јован Басаров“ во должина од 350 метри се потрошени 1.273.000 денари. Двете улици се…

ОДРЖАН НОВОГОДИШЕН БАЗАР ПРЕД ТЕАТАР ЏИНОТ

Пред платото на театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот  денеска се одржа хуманитарен Новогодишен базар организиран од Општина Велес. На тезгите беа изложени рачно изработени новогодишни украси и честитки од вредните раце на децата од основните и средните училишта заедно со наставниците, од најмалите од Детската градинка „Димче Мирчев“ и од учениците на ОУРЦ „Маца Овчарова“.…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Во пресрет на Новогодишните празници, Градоначалникот Марко Колев денеска ги посети децата во Центарот за лица со посебни потреби. Им ја честита Новата година, им посака добро здравје и им подели новогодишни пакетчиња. Со новогодишни пакетчиња ги израдува и децата од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.  

ЌЕ СЕ БЕТОНИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „АНДОН ШУРКОВ“ КАЈ УЗУС

На улицата „Андон Шурков“ во близина на ССОУ „Коле Неделковски“, денеска се изведуваат припремни работи за бетонирање на улицата. Градоначалникот Марко Колев изврши увид на градежните работи кои ги изведува фирмата „Евро – Инженеринг“. Вредноста на бетонирањето на дел од улицата е 880.000 денари со ДДВ.