РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО РАШТАНИ И ВО ПРЕВАЛЕЦ

Во текот на вчерашниот ден завршија градежните зафати за реконструкција на краци од улици во населбата Превалец и во село Раштани. Дел од улиците се послаа со завршен слој бетон. Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности и инфраструктурни зафати за рамномерен развој.  

СЕ УРЕДУВААТ УЛИЦИТЕ ОКОЛУ ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Продолжуваат градежните активности во Велес. Со стабилизирање на временските услови градежната механизација е активна на терен. Се довршуваат улиците во близина на Градскиот пазар. До крајот на оваа седмица се очекува да се санираат оштетените делови и да се постави втор асфалтен слој на улицата „Кресненско востание“ додека на улицата „Петре Прличко“ е прдвидено да…

82 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВПО „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ И 80 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПО „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ“

Денеска се навршуваат 82 години од формирањето на велешкиот партизански одред  „Димитар Влахов“ и 80 години од формирањето на партизанскиот одред  „Трајче Петкановски“. По тој повод делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата на загинатите борци во Спомен Костурницата. Вечна слава  и благодарност на сите што го положија животот за Македонија.  

РАКОМЕТНОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК СО НОВИ ТРИБИНИ

Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој терен ќе биде подготвен за љубителите на спортот но и за сите посетители на паркот. Општина Велес продолжува со инвестирање во спортот во градот.  

НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ ВО БАШИНО СЕЛО

Почнаа градежните работи на терен за подготовка  на просторот предвиден за ново детско катче во Башино село. Со проектот е предвидено да се уреди мултифункционално детско катче со детски рекквизити и елементи како и зелени оази за целосно уживање на најмалите и возрасните. Општина Велес продолжува посветено со реализација на проектни активности во сите делови…

ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ НА УЛИЦА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“

Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а потоа реконструкцијата ќе продолжи со поставување на бехатон плочки. Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности во градот.  

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА

Почнува реконструкцијата на просторот околу Спомен Костурницата. Градоначалникот Марко Колев заедно со претставниците од фирмата изведувач направија вовед во работата и се очекува во наредните денови да отпочнат градежните зафати за уредување на просторот согласно претходно изготвено идејно решение. Средствата за реконструкција на просторот околу Спомен Костурницата се обезбедени преку кофинансирање на Општина Велес со…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УШТЕ ЕДЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ“ ВО ПРЕВАЛЕЦ

Почна реконструкција на уште еден крак на улицата „Трајче Петкановски“ во населба Превалец. Реконструкцијата на овој крак опфаќа поставување на завршен слој од бетон во должина од 170 метри. Општина Велес продолжува со инфрастурктурни зафати на сите делови од градот.