Јавен повик за избор на членови на Управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес

Врз основа на член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија„бр. 75/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на…

Јавен повик за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес

Врз основа на член 17-а став 2 и чл.26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија„бр. 75/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик,…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВТОРО ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност Општина Велес ја известува јавноста дека денес започнаа активностите за второ ларвицидно теренско – третирање од земја,…

ВЕЧЕР НА СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ

По повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, во амфитеатарот на Младински парк се одржа „Вечер на староградски песни“. Традиционалната манифестацијата е во организација на Здружението на граѓани „Распеани велешани’“. Пред велешката публика со свои музички точки се претставија ансамблите од Гевгелија, Валандово и Свети Николе кои ја негуваат традиционалната староградска…

62 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН

Денеска се одбележуваат 62 години од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна, Алексо Демниевски Бауман. Во негова чест, пред спомен бистата, свежо цвеќе положија делегации на Општина Велес и на Командата за доктрини и обука што го носи неговото име.  

141 ГОДИНА ОД СМРТТА НА ЏИНОТ

На денешен ден, 22 август 2023 година се навршуваат 141 година од смртта на истакнатиот македонски просветител, драматург и преродбеник Јордан Хаџи Константинов Џинот. По тој повод, делегации на Општина Велес и велешкиот народен театар што го носи неговото име, положија цвеќе на гробот на Џинот, во дворот на црквата Св.Спас. Џинот е еден од…

ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦИТЕ ОКОЛУ ГРАДСКИ ПАЗАР

Од утре, вторник (22.08.2023 година) започнуваат градежните работи за реконструкција на улиците околу Градскиот пазар „Петре Прличко“, „Кресненско востание“ и „Нада Бутникошарова“. Реконструкцијата на улиците ќе трае околу 4 месеци. Сообраќајот ќе се одвива според времениот режим на сообраќај и одобрениот Сообраќаен проект. Истовремено ќе се реконструира и улицата „8 Септември“. Градежните работи треба да…

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 25 Септември до 6 Октомври годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот на следниов број: 043/233-768 или на моб. тел. 075 498 551 и 071…

ЗАВРШЕН НАСТАН ЗА ПРОЕКТОТ НА ЕД „ВИЛА ЗОРА”, „СЕЛЕКТИРАЈ – КОМПОСТИРАЈ”

Преку организирана работилница за користење на готов компост, произведен во новонабавените електрични компостери и со презентација на постигнатите резултати од проектот насловен „Селектирај – компостирај“, во ОЈУДГ „Димче Мирчев”, Објект 2 „Сонце”, беше одржан завршен настан на кој беше претставен и се заокружи едногодишниот процес на имплементација и реализација на истоимениот проект, кој го реализираше…