ПОМОШНОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК ДОБИВА НОВ ЛИК!

Култното игралиште во Градски парк, народски познато како ракометно, целосно ќе се реконструира. По завршување на сите подготвителни активности ова игралиште ќе добие целосно нов лик со современа подлога по што граѓаните ќе добијат уште едно катче за спорт и рекреација. Инвестицијата во спортот е инвестиција во здравјето на сите нас! Продолжуваме посветено!

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Регионалниот пат кон езеро Младост ќе се асфалтира. Заради непречено одвивање на градежните работи патот е затворен и сообраќајот е пренасочен по автопатот од каде може да се стигне до туристичките капацитети и рестораните покрај езерото. Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање и трпение со цел градежните работи да се реализираат непречено и во предвидениот…

Известување за одржување на состанок за запознавање на локалното население во врска со изведувањето на градежните работи при реконструкција на дел од ул.Благој Ѓорев, дел од ул.Живко Фирфов, дел од ул.Лазо Осмаков, дел од ул.Андон Шурков и дел од ул.Орце Мартинов

Како дел од проектот за поврзување на локалните патишта помеѓу Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка во тек е реализација на градежни работи – реконструкција на дел од ул.Благој Ѓорев, дел од ул.Живко Фирфов, дел од ул.Лазо Осмаков, дел од ул.Андон Шурков и дел од ул.Орце Мартинов. Во…

ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СЕ ВРАТИЈА ОД ТУРЦИЈА

Петмината велешки пожарникари Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров се вратија од Турција каде учествуваа во спасувачка мисија за пронаоѓање и извлекување на луѓе под урнатините од катастрофалниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција минатата недела. Тие доцна синоќа се вратија во Велес и денеска остварија средба со…

ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ ВО ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ!

Отпочнавме со градежни активности на дел од улица “Живко Фирфов”. Оваа улица е една од петте предвидени за реконструкција во заедничкиот проект на Општина Велес, Светска банка и Министерството за транспорт и врски.

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО И СМРТТА НА РАЈКО ЖИНЗИФОВ

По повод годишнината, делегација на Општина Велес и претставници на општинското основно училиште во Горно Оризари што го носи името на Жинзифов денеска положија свежо цвеќе пред спомен бистата што се наоѓа во дворот на училиштето. Денеска се навршуваат 184 години од раѓањето на Рајко Жинзифов и 146 години од неговата смрт. Рајко Жинзифов е…

ФОРМИРАН ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Локалниот младински совет на Општина Велес денеска ја одржа првата констутутивна седница на која членовите избраа претседател и заменик претседател. На седницата присуствуваше и градоначалникот Марко Колев кој ги поздрави младите и им посака успешна и креативна работа во наредните две години. „Добро е што се оформи Локалниот младински совет, сега сè зависи од вас.…

НОВО СОВРЕМЕНО ИГРАЛИШТЕ НА ЛЕВАТА СТРАНА НА ГРАДОТ!

Левата страна ќе добие нов современ, мултифункционален спортски терен кај автобуската станица. Она што беше само ветување, веќе е преточено во конкретен проект, а до крајот на оваа година ќе се потрудиме да се реализира. Поубав Велес станува реалност!