ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ ВО ООУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Се реконструира и партерно се уредува училишниот двор на општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Градежните работи ги изведува фирмата „Пескара Вел“ со средства на училиштето во висина од околу 2.200.000 денари. Со нов лик училишниот двор треба да биде до крајот на годината. Градоначалникот Марко Колев денеска го посети училиштето и изврши увид…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ УПАТИ ЧЕСТИТКИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

По повод меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Градоначалникот Марко Колев денеска оствари средба со членови на Здружението на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Велес. На средбата се разговараше за актуелната состојба на лицата со попреченост како и за проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат. Покрај упатените честитки за меѓународниот ден,…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФЕКАЛНИ КАНАЛИЗАЦИИ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО ВЕЛЕС

Се изведуваат градежни активности за реконструкција на фекална канализација на улиците „Страшо Пинџур“, „Никола Оровчанов“ и „Илинденска“ во должина од 400 метри. Реконструкцијата на фекланата канализација е во вредност од 5.797.950 денари и е дел од прокетот финансиран од Министертсвото за транспорт и врски за реконструкција на водоводни и канализациони линии на територија на Општина…

ИНКЛУЗИВНА ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ПОУ „МАЦА ОВЧАРОВА“

Во посебното основно училиште „Маца Овчарова“ денеска се одржа 25-та по ред ликовна работилница. Годинава, од републичка, работилницата прерасна во меѓународна со учество на претставници од четири училишта од Србија, Грција, Турција и Италија. Ученици со попреченост и лица со типичен развој од 31 училиште од овој реон и гостите од другите земји цртаа на…

ТРКА ВО БРЗО ОДЕЊЕ ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИОТ АКТИВИЗАМ

Во рамки на кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство, денеска во Градскиот парк се одржа ревијална трка во брзо одење „ПРВ КРУГ СЕГА“. На трката учествува градоначалникот Колев, членови на советот на Општина Велес, претставници на Организацијата на жени на Велес, претставници на општинската администрација, на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажи и…

ПРВ ОТВОРЕН ДЕН ЗА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ

На првиот отворен ден, градоначалникот Марко Колев ги прими граѓаните и граѓанките кои имаа закажано средба со него. Градоначалникот ги слушна нивните проблеми, потреби, приоритети, но не изостанаа и креативните предлози и сугестии за подобрување на квалитетот на живот во општината. Општина Велес продолжува со своите основни начела и принципи да биде транспарентна, отчетна и…

ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Под мотото „Опортокалови го светот: Стави крај на насилството врз жените сега !“, денеска започна кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. На симболичен начин, облечени во маици со логото на кампањата и со балони во портокалова боја, членки на Организацијата на жени, вработени во општинската организација, претставници на Комисијата за еднакви можности помеѓу…

82 ГОДИНИ ОД ПЕЧАТЕЊЕТО НА „БЕЛИ МУГРИ“ НА КОЧО РАЦИН

На денешен ден се одбележуваат 82 години од печатењето на збирката песни „Бели Мугри на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. Првиот примерок на збирката излегол во печатницата на Драгутин Шпулер во Загреб. Збирката е составена од 12 песни, во пет циклуси напишани на велешки дијалект, во кои на најсликовит начин се опишани најтипичните…

ЕСЕНСКО ЗАСАДУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕГОДИШНИ САДНИЦИ ВО ВЕЛЕС

Општина Велес започна со акцијата за есенско садење на повеќегодишни висококвалитетни садници на повеќе локации во градот. На новоподигнатата зелена површина помеѓу улиците „Крсте Мисирков“ и „АСНОМ“ на местото на старите и деградирани дрвја се насадија нови, се засади трева а поставен е и систем за наводнување. Досега засадени се 100 нови дрвја во паркот…

Jавен повик за доделување на повеќегодишни садници на физички и правни лица за 2021 година

Општина Велес објавува јавен повик за доделување на повеќегодишни садници на физички и правни лица за 2021 година. Со овој повик општината има за цел да ги стимулира граѓаните да земат сопствено учество во подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во гардот. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“ и ќе…