ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ НАДВОРЕШНИТЕ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Завршува реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Васил Главинов“. Во тек се последните зафати за целосно ставање во функција на салата на учениците и на спортските клубови. Наскоро започнува реконструкцијата и на трите надворешни терени на училиштетот со што Општина Велес ќе добие уште еден комплетно уреден спортски комплекс. Општина Велес продолжува со инвестиции во…

СЕ БЕЛЕЖИ ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ

Во изминатите неколку денови се врши хоризонтално бележење на улиците низ градот. Заради поголема безбедност бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши и во наредните денови сè додека не се бележат сите коловози и не се овозможи поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Ова е прво самостојно бележење на хоризонтална сигнализација на Општина Велес…

ООМУ „СТЕФАН ГАЈДОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНОТ, ПРИРЕДИ КОНЦЕРТ ЗА ПУБЛИКАТА

Со завршен концерт во велешкиот театар Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ ја заврши учебната година и го одбележа патрониот празник, 8 јуни. На сцената настапија учениците кои пред публиката покажаа како музицираат на инструментите кои ги изучувале изминатата година. Нивните настапи беа пречекани со огромен аплауз од страна на публиката. Измината учебна година за…

ИЗВРШЕНА Е АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Ве информираме дека во раните утрински часови е извршена аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари. Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Обезбедени се буџетски средства за уште две авионски прскања. Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита од возрасни…

ИЗВРШЕН НАДЗОР ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРВА АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 16:30 часот во Пеширово Свети Николе се изврши полнење на авионот со средство за аеросолна дезинсекција. По спроведена постапка за извршување на овие активности избран е операторот „Бониер“ Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и операторот,  за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција,…

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Велешките спортски игри

Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од 3 до 8 јуни, освен за дистрибутери до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на игрите спортско здружение СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС. Општина Велес со апел до граѓаните да се почитува забраната за…

„ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“

Во тек се последните подготовки за стартот на атлетската трка во чест на Рацин во Велес. Во организација на Здружението АК Борец и годинава сите професионални и рекреативни атлетичари ќе можат да учествуваат во трката и да си ги измерат силите на 5 и 10 километри. Во чест на Рацин и годинава ќе се организира…

ВЕЛЕШКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ПРЕРАСНУВААТ ВО ТРАДИЦИЈА

Се прават последните подготовки за третото издание на Велешките спортски игри што ќе се одржат од 4 до 8 јуни во Градскиот парк. Над 500 натпреварувачи годинава ќе учествуваат на спортските игри на терените во паркот. Ќе се натпреваруваат во фудбал, тенис, одбојка на песок, е-спорт и 3×3 баскет кој за прв пат годинава ќе…

ЛОКАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ, ВЕЛЕС – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА

Во рамки на проектот „Место за растење: општини посветени на децата“, во Europe house Veles, се одржа локална конференција на тема „Велес – општина посветена на децата“. На конференцијата претставници на локалната самоуправа, образовни институции, детски градинки, јавни институции дебатираа на прашања поврзани со поттикнувањето на детското учество во планирањето и носењето одлуки. Во своето…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ПРВА АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 01 јуни 2024…