ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ГРАДОТ СТИВНУВА

Состојбата се смирува но нема простор за опуштање. Ваква оценка денеска беше донесена на триесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес. Во општината вкупно  се регистрирани 2127 заболени од Ковид-19 од кои 1297 се оздравени а 761 се активни. Од овие граѓани 691 се позитивни и се на домашно лекување, 63…

ОПАЃА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со започнувањето на грејната сезона се зголеми и загадувањето на воздухот во градот. Во изминатиот месец, мерната станица за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух лоцирана во населба Тунел, измерила изразено високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот во дури 23 денови. Од одделението за заштита на животна средина при Општина Велес, велат дека…

Градоначалникот Аце Коцевски со одговор на рекациите на граѓаните во врска со зонското паркирање

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски одговори на бројните реакции на граѓаните на социјалните мрежи во врска со зонското паркирање. Тој рече дека го разбира револтот на граѓаните но кога се прави голема  промена која се одразува на секојдневиот живот и навиките на граѓаните, првите чекори секогаш се сложени и тешки. „Велес заслужува да биде…

Честитка по повод 3 Декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост

Почитувани сограѓанки и сограѓани Во име на Советот на Општина Велес, во име на сите жители на градот и во свое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на лицата со попреченост. 3 Декември не е единствениот ден во годината кога јавноста го свртува вниманието кон вас, тоа го правиме сите 365 денови во годината,…

81 години од ,,Бели Мугри“

Денеска се навршуваат 81 години откако Антологиската ,,Бели Мугри“ на Рацин го здогледа светлото на денот. Во печатницата на Драгутин Шпулер, во далечната 1939 година,во градчето Самобор,Хрватска,се ,роди,, стихизбирката која претставува најзначајно поетско дело во современата македонска литература. Составена е од 12 песни, меѓу кои „Денови“, „Ленка“, „Тутуноберачите“, „Копачите“, „На Струга дуќан да имам“, во…

ХУМАНИТАРНИ КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со Здружението на граѓани „Велес бајкинг“, организира хуманитарна крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи во сабота (21 ноември), во Ликовниот салон од 09.00 до 13.00 часот. Крводарителска акција се одржa и денеска во кругот на Касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во организација на Општинската организација на Црвен…

Велес ќе добие регионално игралиште за деца со попреченост

Општина Велес преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион доби поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа за реализација на проектот „Инклузивен туризам – рекреативни содржини и услуги за еднаков  пристап до туристичката атракција Езеро Младост“. Проектот  кој го подготви Општина Велес во соработка со Центарот за развој…

ЗАСАДЕНИ 62 САДНИЦИ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ– ДОНАЦИЈА ОД „ПАКОМАК“

Шеесет и две садници, донација од „Пакомак“ се засадија денеска на Езеро Младост. Со ова „Пакомак“ и „Шпаркасе банка“ја наградија Општина Велес за освоеното трето место на конкурсот за „НајЕко општина“ за 2019 година. Дрвцата се засадија  во границите на еко кампот ,,Авантури“ од страна на ЈКП Дервен. Освен садници, Општина Велес доби и инфо…

Сериозна и критична епидемиолошка состојба во Велес

Општинскиот штаб за заштита и спасување констатираше дека епидемиолошката состојба во Велес е сериозна и крајно критична иако постепено состојбата се смирува доколку се прават споредби  со состојбите од пред десетина дена,  соопшти денеска на  прес –конференција градоначалникот Аце Коцевски. Штабот им препорача на претпријатијата, таму каде што има кластери да се прават паузи за…

СЕ ДИСЛОЦИРА ЗГУРАТА ОД НЕКОГАШНА ТОПИЛНИЦА ЗА ОЛОВО И ЦИНК

Операторот ,,Кепс Маунт Груп“, што стопанисува со ридот со олово-цинковата троска, од 17 ноември започна со активности за ископ, сеење, товарање и транспорт на техногената минерална суровина од локацијата Баш колиби, позната како депонија за оловно-цинковна јаловина на некогашната Топилница, информираше Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. ,,Операторот на инсталацијата е должен активностите да ги…