ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА КОЧО РАЦИН НА ЛОПУШНИК

Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на местото на погибјето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. На Лопушник денеска се одбележа 81 годишнината од смртта на творецот на „Бели мугри“. Пред споменикот подигнат во чест на поетот се поклонија и ултрамаратонците кои успешно го завршија…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА „ЛУЈ ПАСТЕР“

Започнува реконструкција на водоводната линија  на улицата „Луј Пастер“ за водоснабдување на комплекс згради Атлантис. Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 90 дена. Трасата за работа започнува од спој со улица „Благој Ѓорев“ над игралиштето Тунел, поминува по цела должина на улицата „Луј Пастер“, наспроти цигланата „Киро Ќучук“, поминува под пругата и продолжува…

ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА СВЕТСКИ КУП ВО КАЈАК СПУСТ

Повеќе од 230 учесници од 17 земји во светот викендов ќе се натпреваруваат во двете кола од Светскиот куп во кајак спуст. На 15 и 16 јуни граѓаните ќе имаат можност да проследат професионални спустови на докажани имиња и повеќекратни освојувачи на светски и европски титули. Организатор на овој спектакуларен спортски настан е Кајак Кану…

ГРАДСКИОТ БАЗЕН ОТВОРЕН ЗА КАПАЧИТЕ ОД СРЕДА, 12 ЈУНИ

Градскиот базен „Лидо“ во Велес започнува со работа. Од утре, 12 јуни, од 09 часот  ги отвора вратите за капачите. Посетителите секојдневно ќе можат да ги користат услугите за пливање до 19 часот. Влезницата за дневно капење ќе изнесува исто како и минатата година 100 денари, додека сезонската влезница чини 2.000 денари и таа е…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И „СТРАШО ПИНЏУР“

Се реконструираат улиците „Гоце Делчев и „Страшо Пинџур“. Во тек е гребење на постоечкиот асфалт. По завршувањето на подготвителните активности, реконструкцијата на овие две улици ќе заврши со асфалтирање, со што улиците во центарот на градот ќе бидат целосно опфатени и реконструирани.

61 РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Добитничка на овогодинешното Рациново признание, според одлуката на жири комисијата е Фросина Пармаковска за романот „Се уште можам нешто да сторам“, а Почесното Рациново признание годинава се доделува на Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, за афирмација на македонскиот јазик и култура надвор од границите на земјата. Шеесет и првото издание на Рациновите средби годинава се…

ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРШ ДО ЛОПУШНИК

Во организација на ЕГ „Грин Пауер“ и партнерите ПСК од Бистра и ПЕД  Ендорфин од Кичево, а под покровителство на Општина Велес, вчера се одржа традиционалниот марш за Рацин до Лопушник. На маршот учествуваа 63 планинари, од повеќе клубови од Битола, Прилеп, Неготино, Росоман, Велес, Скопје, Демир Хисар, Кичево и Штип и 5 бајкери. Учесниците,…

УЛТРАМАРАТОНЦИ ТРЧААТ ДО ЛОПУШНИК ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Во чест на великанот, Коста Солев Рацин, утрово започна ултрамаратонот до Лопушник, местото на неговото погибје. Петмината маратонци Зоран Димов, Трајче Михов, Верољуб Додевски и  Данчо Ангеловски од Велес и кумановецот Љубиша Андреиќ, го започаа маратонот од споменикот на Кочо Рацин во дворот на Гимназијата. Тие треба да истрчаат 156 километри до четврток. Градоначалникот Марко…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА АТЛЕТСКАТА ТРКА „ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН

Повеќе од 300 деца учествуваа во детската трка во рамки на атлетската трка „Трчаме за Рацин“ во Велес, а на трките од 5 и 10 километри, низ велешките улици, истрчаа над 600 учесници. И покрај жешкото време, учесниците достоинствено стигнаа до целта и му оддадоа почит на безвремениот Рацин. Општина Велес со честитки до победниците…

ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА НА ТЕМА ПРЕВЕНЦИЈА ОД УПОТРЕБА НА ДРОГА ОДРЖА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕТСТАПНИШТВО

Во рамки на своите активности, Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво одржа едукативна презентација за дрогата во Големата сала на Општина Велес. На презентацијата беа присутни ученици од основните и средните училишта кои слушнаа што е дрога, какви видови на дрога има, кои се негативните ефекти од нејзиното користењето и последиците што таа ги…