ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека од петок, 30 јули 2021 година ќе организира бесплатен автобуски превоз до езеро „Младост”. Согласно спроведената јавна анкета на електронските медиуми во градот, резултатите покажаа голема заинтересираност од страна на жителите на Општина Велес за кориситење на бесплатен превоз до езерото „Младост” во летниот период. Автобусот ќе сообраќа…

ОПШТИНА ВЕЛЕС СО ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи од утре, 29 јули до недела 01 август, целата територија на земјава ќе биде во портокалова фаза, поради екстремно високите температири кои деновиве ќе го надминат 40-тиот степен. Во препораките за заштита на здравјето на граѓаните, на Министесртвото за здравство, се вклучува и Општина Велес. За да се…

ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД ЛИКОВНА КОЛОНИЈА НЕГОТИНО ВО ЛИКОВЕН САЛОН ВО ВЕЛЕС

Над триесетина уметнички дела од Ликовната колонија Неготино 2020 се изложени во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е дел од културната манифестација „Велешко лето 2021“ во организација на Општина Велес. Ликовната колонија Неготино 2020 е во организација на Музејот на град Неготино. Во ограничени услови поради Ковид 19, на колонијата  учествувале уметници од Неготино и…

ОДБЕЛЕЖАНА 72 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БОРЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето и на бистата на Мирка Гинова, денеска се одбележаа 72 години од загинувањето на борците од Егејска Македонија. На учесниците  во граѓанската војна во Грција почит им оддадоа делегација на Општина Велес, делегација на Општина Градско, Здружениена Македонците од Егејска Македонија „Ѕвезда“ од Велес, Сојуз на борците,…

Бендот „Зима Блу“ настапи на „Велешко лето 2021„

Бендот „Зима Блу“ настапи на „Велешко лето 2021„. Концертот се одржа во саботата на 24 јули на отворено во амфитеатарот на Младински парк. Концерт на класична музика на дуо пијано ќе одржат Светлана Ташева и Илија Настовски на 30 јули, во петок, во салата „Бели мугри“ со почеток во 19 часот. Во сабота на 31…

КОНЦЕРТ НА ДАЦ И АЛЕКСАНДАР НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021

Со стихови од Кочо Рацин го започнаа својот концерт Драган Спасовски Дац и Александар Митевски вечерва во амфитеатарот во Младински парк. Со изведбата на познати македонски евергрини и нивните авторски песни ја воодушевија многубројната публика, која час и половина пееше со нив. Музичкото дуо Дац и Александар настапи во рамки на културната манифестација ,,Велешко лето…

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ОБЈАВА НА ТЕНДЕР ОД УНДП

Почитувани, Општина Велес ги известува сите правни лица со стручна експертиза од  областа на сообраќајот дека Програмата за развој на Обединетите нации УНДП објави тендер за изработка на Физибилити студија за мрежа за јавен градски превоз и систем на јавен градски превоз во Велес. Тендерот е објавен во рамките на проектот на УНДП „Градење на…

ВОДАТА ВО ЕЗЕРО МЛАДОСТ ИСПРАВНА ЗА КАПЕЊЕ И РЕКРЕАЦИЈА, ВОДАТА ВО РЕКА БАБУНА БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНА

Водата во Езерото Младост е исправна за капење и рекреација, покажуваат последните тестирања на Центарот за јавно здравје во Велес. Направени се хемиски и  микробиолошки тестирања на мострa земена од Плажа број 1 и според добиените резултати параметрите се во границите на максимално дозволените граници. Резултатите од лабораториските анализи на мостри земени од водата на…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламска вероисповед Во името на Советот на Општина Велес, од името на сите жители на Општина Велес и од мое лично име, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Овој празник е еден од најголемите празници во исламската религија, симбол на духовноста и најголемите човечки вредности во историјата, хуманоста, сочувството,…

„THE CHICКS“ СО КОНЦЕРТ НА „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2021“

„Девојките“ од Велес со своите хитови настапија на „Велешко лето 2021“. Концертот го одржаа во амфитеатарот на Младински парк. Ја воодушевија публиката со својот настап а таа ги награди со силен аплауз. Во бендот членуваат Наталија Мејанџиева, Моника Ѓорѓиева и Сандра Јованова. Во нивното музичко портфолио се вбројуваат настапи на бројни фестивали а со авторска…