ФОТОВОЛТАИЦИ НА ПОКРИВОТ НА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Фотоволтаични панели ќе се постават на локалната библиотека „Гоце Делчев“. Обезбедени се два милиони денари за поставување на фотоволтаици на покривот на библиотеката преку проект што Општина Велес го аплицираше во Министерството за култура за инвестиции од капитални дотации. Со оваа инвестиција ќе се постигнат заштеди во потрошувачката на електрична енергија кои ќе придонесат за…

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Во чест на браќата Свети Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост и литература, денеска во Општина Велес се одржа свечена академија на која се доделија награди на најуспешните ученици и наставници од основните и средните училишта за 2024 година. Пред присутните во салата се обрати градоначалникот Марко Колев кој истакна дека делото на светите…

НАТПРЕВАРИ ПО КРАСНОПИС И ОРАТОРСТВО ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

По повод чествувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, денеска во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа натпревар по убаво пишување – краснопис. На натпреварот учествуваа 14 ученици од основните училишта во градот и секој на свој начин, со својата креативност и имагинација, на лист хартија ги…

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Со чистење на неколку локации на езеро Младост, Општина Велес и годинава учествуваше на најголемата еколошка акција во државата, Генералка Викенд 24. Во акцијата  учествуваа вработени во општинската администрација, ЈКП Дервен, Здружение на граѓани Акцијаши. Училиштата се вклучија со чистење на училишните дворови, а најмалите од детската градинка „Димче Мирчев“ ги чистеа дворовите на клоновите.…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ЛУЈ ПАСТЕР

Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел да се прошири постоечката траса. Со овој зафат ќе се реши уште еден долгогодишен проблем на граѓаните и ќе се овозможи побезбедно возење во овој дел на градот.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО ЧАЛОШЕВО

Градежни активности и во село Чалошево. Во тек се градежни зафати за реконструкција на улица во населеното место. Улицата е во должина од 80 метри и ќе се реконструира со завршен бетонски слој. Општина Велес продолжува со инвестирање во руралните средини кои се неопходни за рамномерен развој на општината.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Во тек е реконструкција на улица во село Иванковци. Во должина од 150 метри на улицата се поставува бетонски слој. Општина Велес продолжува со градежни инвестиции во руралните средини и населени места.  

МОТО БИЧ ПАРТИ НА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО ПО 13 ПАТ

Над илјада мотоциклисти од земјава и од странство изминатиот викенд беа дел од традиционалниот Мото собир, што по 13 пат го организира Мото клубот „Носачи на крстот“ со поддршка на Општина Велес. Од езеро Младост до Велес, низ градските улици возеа мотоциклистите кои беа вистинско доживување за сите граѓани. Во рамки на манифестацијата се одржа…

9 МАЈ, ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата на паднатите борци за слобода во Спомен Костурницата, Општина Велес го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев им оддаде почит на жртвите на фашизмот чии мошти почиваат во костурницата. 9 Мај 1945 година е денот кога…

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Мото клубот „Носачи на крстот МК“

Во организација на Мото клубот „Носачи на крстот МК“, на 10 и 11 мај (петок и сабота), на брегот на езеро Младост ќе се одржи традиционалниот Мото собир со учество на голем број на мотоциклисти од земјава и од странство. Манифестацијата „Мото бич парти“ ќе се одржи на прва плажа на езеро Младост и за…